Литургија на Претходноосветени Дарови во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола

На 13.03.2019 г., кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Протериј, Светиот Василиј Исповедник, Светиот свештеномаченик Нестор, епископ Магидиски и Блажениот Николај, Јуродив Псковски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Златко Костовски и Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, благоволи да отслужи Света Литургија на Претходно осветените Дарови во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Господи и владико на мојот живот, не давај ми дух на леност, дух на властољубие, дух на празнословие и дух на безволност“.

Браќа и сестри, денеска ја отслуживме првата Божествена Литургија на порано осветените или претходно осветените Дарови, а оваа богослужба всушност е вечерна богослужба, а Божествената Литургија ја отслуживме во неделата на Прочка…

(Аудио) «Аудио проповед на Митрополитот г. Петар»