Дваесет и шеста недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ , во Прилеп

На 15.12.2019 г., во Десет и шестата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот пророк АвакумСветата маченичка МиропијаПреподобниот Атанасиј, затворник печерски  и споменот на Свети Иса, епископ Циклански, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Веле Спиркоски, Љупчо Цветаноски и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис) во Прилеп. 

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Безумнику, ноќеска ќе ти ја земат душата, а тоа што си го приготвил, кому ќе остане?“ (Лука 12, 20).

Браќа и сестри, го слушнавме денешното Светото Божествено Евангелие, во кое се вели како Господ наш Исус Христо кажал една парабола за еден човек, кој бил многу богат, т.е. нивата му родила многу живот, па си рекол во себе: „Што да направам со житото, амбарите ми се мали…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот Петар»