Архиерејска Вечерна богослужба во хармот „Света Великомаченица Недела“, во Битола

На 19.07.2019 год, во предвечерието на празникот на Светата Великомаченичка Киријакија (Недела), Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во храмот „Света Великомаченица Недела“,  во Битола.

Од десната страна на Господа стои победоносната во подвизи девица и маченица Недела, во непобедлива облека на добродетели, украсена со девствена убавина, испрскана со крвта од подвизите, откако својата светилка ја дополни со елејот на радоста, и таа Му викаше: Трчав кон Тебе, Христе Боже мој, следејќи ја трагата на Твојот благопријатен мирис; Твојата љубов ме прободе; не оддалечувај се од мене, о Небесен Младоженецу! Преку нејзините молитви, семоќен Спасителе, посети нè со Твоето милосрдие.