Воздвижение на Чесниот Крст Господов – Празнична вечерна во Битола

На 26.09.2018 г., во предвечерието на празникот Воздвижение на Чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Празнична Вечерна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородива“, во Битола.

Крсту пречесен, што те опкружуваат ангелските чинови, кога денес си воздигнуван, со божествена заповед ги издигнуваш сите оние што, поради крадење храна, од рајот беа истерани и во смртта протерани. Затоа, ние верните, со срце и усни целивајќи те, од тебе светост црпиме, пеејќи: Возносете Го Христа, предобриот Бог, и на Неговото божествено подножје поклонувајте се.