Велигденска посета на Митрополитот г. Петар во Домот за доенчиња и мали деца, во Битола.

Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, според востановената традиција, оствари Велигденска посета во Јавната установа  „Дом за доенчиња и мали деца“, во Битола.

На Велигден се радуваат сите, но најмногу децата, и затоа веднаш по утринската богослужба првата денешна активност ја остварив токму во Ј.У. „Дом за доенчиња и мали деца“, – посочи Mитрополитот г. Петар.

– Велигден е најголемиот христијански празник. Денес се пеат најубавите песни. Денес е ден кога сите се среќни и весели. Среќата и радоста им е потребна на сите, а посебно на овие деца кои се згрижени во оваа значајна јавна установа, и кои со Велигденско јајце во раката го слават Христовото Воскресение – Велигден. Христос Воскресе! Навистина Воскресе! – порача Митрополитот г. Петар за време на посетата на „Домот за доенчиња и мали деца“, и им подари велигденски подароци.

Претставници на Преспанско-пелагониската епархија во текот на денот ги посетија, и им посакаа здравје и брзо заздравување на старите лица во домовите за сместување стари лица „Сју Рајдер“ – Битола.

Извор: http://vesti.mk