Тајната на љубовта кон Бога

Јас сега ќе ви споделам една прекрасна поука! – одеднаш проговори старец Порфириј. Оние кои ги осудуваат другите луѓе не го љубат Христа! Кога било кој ќе не натажи и посрами, со клевета или навреда, тогаш знајте дека тој човек е ваш брат, кој паднал под власт на непријателот, односно станал негова жртва.

За таквиот човек ние треба да сочувствуваме и да се молиме на Бога, за Он да не помилува и нас и него. Но ако ние се разгневиме кон него, тогаш непријателот од кај него ќе се префрли и кај нас, и ќе игра со двајцата. Оној кој ги осудува другите на го љуби Христа. Осудувањето е дело на егоизмот. Од тука започнува осудувањето.

Ќе ви приведам еден мал пример. Внимателно пoслушајте:

Да речеме, дека некој човек останал сам во пустина, и околу него, нема никого. Одеднаш тој слуша, како во далечината некој плаче и лелека. Се доближува поблизу, и гледа страшна сцена: пред него стои тигар, кој жестоко растргнува некој човек. Овој човек во очајание бара помош, бидејќи тигарот само за неколку минути може на парчиња да го раскине овој беден човек…

Што да направи за да му помогнеме?

Да отиде кај него? Но како? – Тоа е невозможно.

Да повика некого? Кого? – Околу нема никого…

Можеби, ќе земе камен, и со него ќе го удриме човекот по глава, за да му ги прекрати маките?

Не – не! – извикуваме ние! Имено така се случува и во животот, кога ние не разбираме, дека другиот човек, кој лошо се однесува кон нас, е опседнат од ѓаволот, како од тигар.

Тој нас не избегнува, бидејќи не го пресретнуваме со љубов, туку со камен фрламе по неговите рани. Тогаш ние му нанесуваме огромно зло – двојно, бидејќи „тигарот“ се нафрла и на нас, и ние го правиме истото, што тој нам ни го прави, дури и полошо…

Тогаш во што се состои нашата љубов кон ближниот, а уште повеќе кон Бога?

Злото во другиот човек треба да го примаме како болест, која го мачи него, тој страда и не може да се ослободи од неа. Затоа да гледаме на своите браќа со сочувство, да им се обраќаме со почит, и да говориме во себеси: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не – за Он да ја поткрепи нашата душа со Божествената благодат, за ние никого да не осудуваме.

Тајната е токму во тоа, злото на другиот човек да го прифаќаме како болест!

Сите да ги гледаме како свети! Да – да, сите да ги гледаме како свети… ги повторуваше овие зборови старец Порфириј.

Сите ние во себеси го носиме стариот човек. Каков и да е нашиот ближен, – тој е плот од нашата плот, наш брат, и ние не треба да останеме должни  никому со ништо, освен со взаемната љубов, за која говори апостол Павле (Рим. 13, 8). Ние никогаш не можеме да ги обвинуваме другите, бидејќи никој никогаш нема омраза кон своето тело (Ефес. 5, 29).

Кога човек има било каква страст, да се обидеме кон него да излеваме изобилна љубов и милост, за тој да се излечи и ослободи, преку Божјата благодат.

Размислете, дека тој страда повеќе од вас. Во манастиров , кога некој ќе се почувствува виновен, ние не треба да му говориме дека е тој виновен. Да се однесуваме кон него со внимание, почит и молитва. Да настојуваме да не правиме зло. Кога ние го трпиме братот, кој ни прави зло, тоа нас ни се смета за мачеништво. Да го правиме тоа со радост.

Старец Порфириј Кавсокаливит