Слава на Бога! Нови истории од чудата на старец Гавриил

Втората половина на минатиот век е значајна во животот на многу луѓе и во новата историја на Грузиската Православна Црква. Во тој период го започна своето служење на Бога, големиот духовник и подвижник, старец Гавриил (Ургебадзе). Земајќи го врз себе венецот на јуродивоста, старецот постојано говорел: „Бог е љубов“.

Пред вас се две нови сведоштва за старец Гавриил, кој го потврдуваат тој факт, дека нашиот возљубен баќушка е брз помошник и молитвеник дури и во самите, прости ситуации. Тој е секогаш близу и е готов да помогне, потребно е само да се молиме и да не ја губиме надешта во Господа.

Раскажува Мака Шукакидзе:

Пред неколку месеци бев во Домот за правда на градот Кутаиси. Јас морав да подигнам копија од еден документ. Имајќи го предвид фактот дека беше петок, а работното време во Домот за правдата завршуваше за половина час, бев многу загрижена дека нема да успеам да го земам потребниот документ, бидејќи по ред бев 735- та, а операторите  го опслужуваа 650-от број. 85 луѓе беа пред мене во редица. Бев загрижена, нервозна и почнав да размислувам што да правам, кон кого да се обратам за помош, можеби, кон својот пријател, кој таму работеше како чувар. Размислувајќи за тоа, наеднаш ми дојде мисла да побарам помош од старец Гавриил. Така и постапив. Јас почнав со мислите да разговарам со старец Гавриил: „Мој возљубен дедо Гаврил, ти знаеш колку ми е тешко и колку ми е важно да го добијам овој документ, кој треба денес да го испратам по пошта… Те молам помогни ми, јас знам, дека ти можеш да ми помогнеш!“  Така јас повеќе од пет минути се обраќав кон старец Гавриил и го молев да ми помогне. Мене ме обзеде неочекувана ведрина и спокојство. Гледам во редот и човекот со број 650 го заврши својот случај, му заблагодари на операторот и замина. Одеднаш на табелата излезе не бројот 651, туку бројот 735.

Гледам и не можам да поверувам. Мојот број. Јас станав, отидов кај операторот и му ги предадов своите документи. Во тој момент кај нас дојде еден човек и ни рече: „Знаете, според редоследот јас го имам бројот 651, сега требаше мене да ме повикате…“. Операторот се вознемири, но набрзина заврши со мене и ми го даде потребниот документ. „Очигледно има технички проблем, иако ова до сега не се случило“ – зачудено одговори операторот. А јас знаев, дека немаше никакви технички проблеми. Нашиот возљубен старец Гаврил се погрижи за мене, се сожали над мене и ме пропушти преку ред, за да направам копија од потребниот документ.

Жалам што на операторот  и на човекот на чие место отидов, не им раскажав за ова, но сега тие, ќе ја прочитаат оваа статија и ќе дознаат, и среќна сум поради тоа.

Ете, такви чудеса прави старец Гавриил, и со нив им помага на сите кои го повикуваат и бараат негова помош.

Раскажува духовното чедо на старец Гавриил – Кетеван Бакуари:

После смртта на старец Гавриил, мене ми беше многу тешко, поради неговото заминување од нас. Многу е тешко кога близок човек заминува во вечноста. Така се случи и со мене. После еден месец од смртта на старец Гавриил, јас сонив сон, како да се наоѓам во дворот на Сионската Црква, кој беше преполен со луѓе. Сите луѓе некого очекуваа, се молеа и се радуваа. Јас исто така стоев помеѓу луѓето, не разбирајќи што се случува. Гледам, како застана еден автомобил и од него излегоа неколку свештеници. Гледам, околу автомобилот стои старец Гавриил и гледа во нас. А јас, со натажано лице, почнав да плачам и мислено да разговарам со старецот: „Баќушка, до пред еден месец вие бевте со нас и нè водевте по вистинскиот пат… Вие заминавте во вечноста! Вие тука ни бевте потребни! Што сте сега способни да направите?!“ Неднаш со строг поглег кон мене старец Гавриил рече: „Што сум способен да направам?! Гледај“ И тој се подигна во воздухот и извика со силен глас: „Слава на Бога!“ И сите луѓе кои се наоѓаа во дворот на Црквата го повторуваа возгласот на старецот: „Слава на Бога!“ Јас се разбудив од тој крик! Имав чувство, дека навистина ги слушнав тие зборови! Тоа се случи во 1995 година. Потоа… ден по ден, година по година, сè постепено се заборава. Јас заборавив на овој сон.

После 19 години, во 2014 година, кога моштите на старец Гавриил беа откриени во манастирот Самтавро, јас цела ноќ бев во дворот на манастирот. Во Мцхета и по цела Грузија се случуваше нешто неверојатно. Влезот во градот беше затворен, а во манастирот  се собра огромно мноштво од луѓе. Утрото беше решено да се пренесат моштите на старецот во Храмот Светицховели. Кога ја отворија вратата од манастирот Самтавро и кога луѓето го видоа кивотот со Светите моштите на старец Гавриил, сите во еден глас извикаа: „Слава на Бога!“ Таму имаше неколку илјади луѓе! По целиот град можеше да се слушни овој возглас! Тогаш јас си спомнав за сонот, кој го сонив пред 19 години. Се вкочанив и не можев да направам ни еден чекор! Почнав да плачам од радост! Тогаш старец Гавриил ми шепна на увото: „А ти не веруваше!“

Поверував, мој возљубен баќушка Гавриил!

Извор: http://pravoslavie.ru