Празнична Вечерна богослужба – Бадник

Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светотсо светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеана ѕвездите од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат,Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините,Господи, Слава Ти.

(Тропар, глас 4)

На 06.01.2018 г., во предвечерието на празникот на Раѓањето Христово, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Празнична Вечерна богослужба во Соборниот храм „Св. Димитриј“ во Битола.

По Вечерната, во просториите на Митрополијата, по повод големиот и светол празник на Рождеството, Владиката изврши прием на Духовенството од Преспанско-пелагониската Епархија.