Писател и разбојник, соседи во пеколот (парабола)

 

Во адот, каде што душите на грешниците се мачат во исчекување на Страшниот Суд, се нашле и душите на еден писател и разбојник.

Писателот преку целиот свој живот пишувал книги, не ограбувал, не крадел и не убивал. Но, такво задгробно место, за себе не очекувал и искрено не можел да разбере зошто го ставиле до разбојникот.

Двајцата, до половина седеле во излеани котли од железо, потопени во сулфур и катран. Под двата котли,  демоните распалувале оган. Под котелот на писателот, огнот бил помал, а под котелот на разбојникот, огнот бил многу поголем. Но, сулфурот во двата котли вриел и претекувал.

Во вечноста времето трае бесконечно, но некако писателот забележал дека огнот под котел на разбојникот станува сѐ помал и помал. Тогаш, го испружил вратот и видел дека неговиот оган станува посилен. Заплакал писателот прашувајќи се – зошто е така.

Тогаш му се јавил ангел и му рекол:

“Слушам дека сакаш да знаеш, зошто огнот на твојот сосед се намалува, а твојот се зголемува. Сега ќе ти објаснам зошто претрпуваш такви маки.

Крадецот, многу грешел на земјата и направил големи злодела. Но, неговите роднини и ближни, се гнасат од неговите согрешенија. Но, ти си многу поголем грешник. Бог те наградил со талент, да ги разбудиш позитивните и добри чувства во луѓето, а твоите книги сеуште ги расипауваат младите срца, распалувајќи во нив само страсти“.

Извор: http://pravoslaven-sviat.org