Осумнаесетта недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во Прилеп

На 30.09.2018 г., во Осумнаесеттата недела по Педесетница , кога го празнувавме споменот на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им СофијаСветата маченичка Агатоклија Свети сто педесет и шест маченици и  Светата маченичка Теодотија; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп. 

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!” (сп. Лука 5, 10).

Нашиот Спасител Господ Исус Христос, по проповедта која ја изговорил пред народот, откако ги видел тројцата Свети Апостоли, Петар, Јаков и Јован, како ги плават своите мрежи, влегол во коработ на Свети апостол Петар и продолжил да им проповеда на верните луѓе кои биле присутни на тоа место.

Потоа Спасителот Христос, откако им рекол на Своите ученици, да го турнат кајчето во длабочината на езерото за да уловат риби, тие му рекле: „Наставниче, цела ноќ ловевме и ништо не уловивме; но еве, по Твојата заповед ќе влеземе во длабочината на езерото” (сп. Лука. 5, 5). Кога Светите Апостоли ги фрлиле мрежите, уловиле мноштво на риби, така што им се заканувала опасност, да им се искинат мрежите од многуте риби…

 

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»