Одбележан празникот Свети Три Светители во Прилеп

IMG_0594

На 12.02.2018 г., во храмот Свети Благовештение во Прилеп, торжествено беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“. 

Со Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Високопреосветените Митрополити: Преспанско-пелагонискиот г. Петар, Дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, Повардарскиот г. Агатангел, Преосветениот Епископ Хераклејски г. Климент, високопреподобниот Архимандрит Никола (Трајковски), протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоереј-ставрофор Благоја Станкоски, протоереј-ставрофор Никола Христовски, игумен Агатон, протоерите Илчо Смилески, Златко Ангелески, Влатко Ристески, протоѓаконите Антонио Дујовски и Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Тони Кузмановски.

Певницата ја водеше Хорот Св. Благовештение од Прилеп, под диригентската палка на м-р Гоце Секулоски.

Честитајќи им го празникот на верниците, Митрополитот Петар, меѓу другото истакна:

„Свети Јован Златоуст и Свети Василиј Велики напишале литурги кои ние ги употребуваме за време на богослужбите. Свети Григориј Богослов пак се истакнал со неговото знаење. Причината за овој празник е бидејќи се појавииле поделбии кај луѓето кој од овие светители е поголем, а тие тројцата биле еднакви. Па тоа и во денешно време важи и за нас, да не се натпреваруваме кој да биде прв, барем, не во предавањето на нашите цености, на нашите посебности, како што е едентитетот, јазикот, знамето, уставот итн… туку во тој дух, да ги одбраниме сите наши посебности како посебен народ, народ македонски, со јазик македонски, да не го менуваме уставот и во тој дух, нашата порака е сите да застанеме цврсто во одбрана на нашата татковина и црква, во одбрана на нашето постоење и во унитарноста на  нашата држава, да ја одбраниме татковината, а не да ја продаваме“.

Извор: http://www.infokompas.com.mk