Нови сведоштва за Преподобен Гавриил (Ургебадзе)

„Баќушка, ние ве покануваме на нашата свадба!“

Раскажува Мариам Турманидзе.

Во 2017 година, во месец ноември, ние направивме свадба! Јас создадов семејство, благодарение на посредништвото и молитвите на старец Гавриил. Тој ме зближи со мојот сопруг. После венчавката, јас и мојот сопруг, отидовме во Самтавро – за да му заблагодариме на старец Гавриил за сè. Влеговме во манастирот, се поклонивме на иконите, и кога се доближивме до моштите на старецот, нам нè обзеде необично чувство. Се радувавме и му благодаревме на старецот. Тогаш, јас пред кивотот на старецот реков: „Баќушка, ние сме уверени, дека вие ќе дојдете на нашата свадба!“

Поминаа неколку месеци, и јас со мојот маж, отидовме в село, да ги посетиме нашите роднини. Јас таму имам втор братучед, чии син страда од бавен аутизам. Знаејќи за тоа, каква  помош и сила има молитвата и благодатта на старец Гавриил, јас и мојот сопруг, решивме да му раскажеме на момчето за отец Гавриил. Ние зедовме и икона од старец Гавриил, со цел да започнеме разговор со момчето и да го запознаеме со животот на старецот. На наше изненадување, момчето ни одговори, дека го знае старецот велејќи: „Тоа е добриот дедо, кој оди со голем бастун…“. Ние се изненадивме, од каде знае за старецот, бидејќи знаевме, дека никој му немаше ништо раскажувано. Кога го запрашавме, од каде го знае, ние добивме одговор: „Овој дедо, беше на вашата свадба… Јас го видов. Тој е многу добар!“ Бевме вчудоневидени! Сето тоа беше премногу восхитувачки и за мене и за мојот сопруг! Тогаш јас со сигурност реков, дека отец Гавриил оди и денес и им помага на луѓето! За тоа говорат многумина, а ние сме убедени во тоа. Слава на Бога за сè!

Манастир Самтавро

Раскажува Дареджан Гурчиани.

Триесет и пет години, живеев во Санкт-Петербург и многу сакав да се вратам во Грузија, но не можев да ги средам моите документи. Често се молив на старецот и го молев за помош. Еднаш сонив сон, како јас влегувам во грузиски храм, и како некој од позади се обидува да ме стигни. Јас се завртив и го видов старец Гавриил! На мојата радост и немаше крај. Тогаш, се осмелив да го запрашам старецот, зошто не ми помага, бидејќи често му се молам, а и двајцата сме родени на 26 август.

Старецот ми одговори: каде ми се молиш, ајде покажи ми!

Како каде, во Црква, – му одговорив.

Ајде ќе отидеме во храмот и ќе ми покажеш каде се молиш, – ми одговори старецот.

Покажи, каде е иконата на отец Гавриил! – ме запраша.

Ние го заобиколивме целиот храм, но икона не најдовме.

Ајде молитвенице, покажими каде имаш акатист!

И акатист немаше!

Ете, како ти се молиш, – рече старецот и исчезна.

Јас се разбудив во три часот ноќта и веднаш му заѕвонив на мојот брат, архимандритот Георгиј (Гурчиани), со молба веднаш да ми наслика икона од старец Гавриил, и да ми испрати што повеќе акатисти.

За дваесет дена иконата беше готова и ми ја испратија во Петербург. По еден месец јас ги средив сите документи и се вратив назад во Грузија. Сето тоа е по милоста Божја, а секако, и по молитвите на старец Гавриил!

Мошти на Преподобен Гавриил (Ургебадзе)

Раскажува монахиња Текла (Ониани).

Додека бев искушеница, за време на ноќната молитва, мене ме напаѓаа помисли: „Зарем сакаш така да го проживееш својот живот: да стануваш на полноќ и да се молиш до утро, а потоа да се трудиш цел ден? Ти си млада и не треба така да си го изгубиш времето! Зарем сосема си го изгубила разумот?!“

Враќајќи се во келијата после молитвата, јас го видов отец Гавриил. Тој, плачејќи, повторуваше: „Ти толку млада и убава… на полноќ да стануваш и да се молиш… Зарем така сакаш да го проживееш својот живот?..“ Зборовите на старецот ме потресоа – тој сосема точно ги повторуваше моите мисли! После неколку години, јас ја почувствував помошта и поддршката на отец Гавриил. Од тогаш, мене такви мисли, повеќе не ме вознемируваа.

Еднаш после утринските молитви, почувствував замор и сакав да спијам, и затоа се упатив во својата келија. Во ходникот го сретнав старец Гавриил, кој ме запраша: „Бегаш од послушанието? Бегај, бегај!“ После овие зборови, желбата за спиење веднаш исчезна, и јас со голема ревност се вратив на послушанието, и цел ден не чувствував замор.

Старецот секогаш се радуваше, кога ние се трудевме. Он секогаш нè учеше: „Ако го видиш ближниот во беда и страдање – помогни му, утеши го, и помоли се за него од сето срце, и Господ ќе ја услиша твојата прозба. За тоа ние и постоиме во светот, за да правиме колку е можно повеќе добра“. Со овие зборови старецот ме зацврстуваше во верата.

Старецот многу тагуваше, кога некој си заминуваше од манастирот. „Со заминувањето на една монахиња од манастирот, се губи половината благодат“, – говореше тој.

Помина време, и отец Гавриил не е повеќе со нас. Јас многу бев загрижена за неговата загуба, жалев што не научив ништо и  што неправилно го ценев старецот во својот живот. Но еднаш, здогледувајќи ја во неговата келија иконата која му ја имав подарено на старецот, јас почувствував утеха, и чувствував, дека иако старецот не е со нас телесно, со душата тој никогаш не нè остава, и тоа чувство, навистина е присутно.

Нам, обичните смртници, тешко ни е да разбереме, како е можно да го возљубиме Бога, така што, ќе го видиме Него во образот и подобието на секој човек, и ќе се молиме за спасение на оној, кој не само што не нè сака, туку и се подсмева над нас. Старец Гавриил умееше да ги љуби сите. Таа љубов беше присутна преку целиот негов живот.

Извор: http://pravoslavie.ru/115296.html