Кои гревови се нарекуваат смртни?

Според зборовите на Свети Теофан Затворник, смртен грев е оној грев, кој му го одзема на човекот моралниот живот. Кон овие гревови, можеме да го сметаме сето она, што нас не одделува од Бога, што не лишува нас од Неговата спасителна благодат, и на таков начин создава во нашата душа, според зборовите на овој светител, некој друг извор на живот – живот без Творецот.

Зошто таквите гревови се нарекуваат смртни?

Правејќи грев, човекот ја прекршува Божјата заповед, со што се осудува себеси на духовна смрт, а потоа било кој наш грев – е дејство против Бога, кое не води нас кон духовна смрт. Свети Григориј Палама говори, дека во светот постои телесна и духовна смрт. Телесната смрт – е одделување на душата од телото, а духовната е одделување на душата од Бога, при што, втората е поопасна од првата, бидејќи човекот вечно се лишува себеси од заедницата со својот Творец.

Соглсно православната аскетика, за смртни гревови се сметаат следниве страсти: гордост, завист, чревоугодие, блуд, гнев, алчност и униние. Овие гревови, спред  кажувањето на христијанските аскети, прават врз човечката душа, огромна штета.

Но во исто време, ние сме должни да ги помниме и зборовите на преподобниот Исак Сирин, кој говори: пред Бога нема ни еден грев, кој е неопростив, бидејќи Он е секогаш подготвен, нам да ни ги проштева гревовите, ако ние за нив искрено се каеме. Само еден грев Бог нам не може да ни го прости, а тоа е гревот, за кој ние не се каеме.

Андреј Музољф

Извор: https://pravlife.org/ru