Единаесетта недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во Битола

На 12.08.2018 г., во Единаесеттата недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник, споменот на Светите свештеномаченици Валентин  и Полихрониј и преносот на моштите на Свети Климент Охридски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот  храм Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.

На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар изврши осветување на Свети Антиминси.

Што е тоа антиминс?

Во црковната терминологија антиминс се нарекува едно четириаголно платно, од свила или лен, кое секогаш стои на светиот Престол во Олтарот, а кое е завиткано во илитонот, а се чува под Светото Евангелие. На овој антиминс се служи Божествената Литургија. На него е претставено погребението Христово, со Јосиф и Никодим, и жените мироносици, и четирите евангелисти на четирите агли, а на постарите зачувани антиминси претставен е само крстот Христов, односно распетието. Бидејќи антиминсот е замена за Престол, којшто пак го претставува Гробот Христов, затоа на него се претставува погребението Христово.

Името антиминс е грчко-латинска кованица, од зборовите „анти“ – наместо, и „менса“ – трпеза, маса, односно, наместопрестолие, или подвижен Престол за служење Литургија.

При осветувањето на антиминси, се попорскуваат со миризливи материи, вода од трендафилови цветови (розова вода, етерично масло од розови трендафили), или мирисно вино, а се запечатува со свети мошти, намачкани со свето миро и запечатени со воскомастих (материја од восок, мастих-смола, темјан и мириси). По осветувањето на антиминсите тие остануваат во истиот храм уште седум дена, и во тие денови се извршува секојдневно Божествена Литургија.

Бидејќи антиминсот е замена за светиот Престол, кон него треба да се однесуваме со голема побожност, не смееме да го оставиме да се валка, да се уништува, и никој освен клирот не смее да го допира. Исто така не смее ни да се пере.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Не требаше ли и ти да се смилуваш над твојот брат, како што и јас се смилував над тебе?“ (сп. Мат. 18, 33).

Браќа и сестри, го слушнавме Светото Литургиско Евангелие, во оваа Единаесетта недела по Педесетница, во која се говори за тоа како царот, односно Отецот Небесен, го повикал својот должник, а должникот се луѓето, да ја измират сметката која што ја имаат, односно тоа што нам Отецот Небесен ни дал…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»