Бугарската Православна Црква со Став против Истанбулската Конвенција

Неодамна, по македонските медиуми беше бегло спомнато за ратификацијата на Истанбулската Конвенција и од Парламентот на Република Македонија. Под превезот на заштита на правата на „жените и децата“, кои и сега ги предвидуваат Уставот и законите во секоја цивилизирана држава, конвенцијата содржи недоречености и свесно прави разлика помеѓу „родот“ и „полот“, што е парадоксално на погоре наведените категории, и претставува еден вид промоција на вредностите од ЛГБТ заедницата. Подолу, ја предложуваме подробната анализа и официјалниот став на Бугарската Православна Црква во врска со Истанбулската Конвенција (заб. ред.)

sinod bpc

Став

На Светиот Синод на Бугарската Православна Црква –

Бугарска Патријаршија

по повод Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, која се стекна со јавна употреба како Истанбулска конвенција.

Светиот Синод на БПЦ-БП, врз основа на библиската вистина: „И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женко ги создаде.“ (Битие 1:27), како гласноговорник на источно православните христијани, кои сочинуваат огромното мнозинство бугарски граѓани, со почитување на уставниот принцип за недискриминација врз основа на полот, како и утврдените норми на меѓународното право за еднаков третман на мажите и жените, ги поддржува напорите на меѓународните и европски институции, како и органите на државната власт во Република Бугарија, за заштита на жените од сите форми на насилство,

ИЗЈАВУВА, дека е против спроведувањето, преку Истанбулската конвенција, концепти што не се во согласност со бугарскиот јавен ред,  кои не се познати на нашиот национален правен систем, како и донесувањето на идеи што не се во согласност со верата  на Светата Православна Црква.

Самиот факт што, Инстанбулската конвенција ги покренува споровите во бугарското опшество за концептите што ги воведува, е алармантна.

Нема објаснување и е неприемлив меѓународниот договор, што е несомнено јавното несогласување, кое треба да се достави до Народното собрание за дискусија и ратификација без “Објаснувачкиот извештај”, бидејќи тоа е извор на толкување на волјата на законодавецот.

Предметот на Конвенцијата е за прашања од јавен интерес и јавните консултации треба да се одржат пред потпишувањето на Конвенцијата, а не во финалната фаза на законодавниот процес, кога се предлага да се ратификува.

Бугаркиот парламент, со својата позиција според Истанбулската конвенција, ќе даде јасен став дали ќе го слуша гласот на народот или некои други гласови. И дали ги заштитува теориите, производ на општественото инженерство, а кои влијаат на темелите на општеството – човекот, неговата вера, семејните и моралните вредности.

Затоа, Светиот Синод на БПЦ-БП, мотивиран од оваа принципиелна позиција, несомнено е загрижен дека Истанбулската конвенција ги надминува прокламираните цели, врз основа на следното:

  1. Јасно треба да се каже, дека големиот проблем на Истанбулската конвенција не ѐ нејзиниот превод на бугарски јазик, туку неговото значење. Според член 81, параграф последен од Конвенцијата, афтентични се само англискиот и францускиот текст. Затоа, при толкувањето и примената на Конвенцијата, бугарскиот превод (добар или лош) не е валиден – аргумент за тоа се содржи и во член 33 од Виенската конвенција за правото на договорите. Мониторингот на Бугарија ќе се врши во согласност со автентичниот текст. Треба да се запомни дека бугарскиот текст на меѓународен договор е објавен во Државниот весник, според правилата на член 25 од Законот за меѓународни договори во Република Бугарија.

Во автентичниот текст на конвенцијата поимот “џендр“ (gender), дефинитивно е различен од поимот “пол“ ( sex), како нов, различен поим, во бугарскиот правен поредок. Сам по себе тој факт е доволен за несоглаување. Полот може да биде само биолошки детерминиран, затоа што мажот и жената се Божјо создание.

  1. Во член 3 “Дефиниции“ во б. “В“ го дефинира терминот „пол“ (gender) за целите на Конвенцијата – „пол“ (родот) означува опшествени улоги, однесувања, активности и карактеристики, кои одредено опшество ги смета за соодветни за жените и мажите.
  2. 1. Азбучна вистина е, дека дефиницијата во меѓународниот договор или во законот, односно употребата на тие поими се клуч за толкување на нивната содржина. Очигледно, дефиницијата се однесува на родот, различен од биолошкиот, бидејќи последниот нема потреба од легално-правна дефиниција.
  3. 2. Не треба да се коментира честата употреба на термините “џендр“ (gender) и “пол“ (sex) во Конвенцијата, факт кој сам по себе укажува на вистинското значење на Конвенцијата и на она што го следи, надвор од благородните цели за заштита на жените од насилство и семејното насилство. Токму тоа честата употреба на терминит “џендр“ (gender) кој ја определува потребата од дефиниција во член 3, б. „В“ на поимот „пол“, односно “џендр“ (gender) во автентичниот текст, кој статистички е изразен во следново:

– Општо во Конвенцијата, терминот “џендр“ (gender), и неговите производи, се користат 25 пати (од кои 4 пати со во преамбулата), а терминот „пол“ (sex)  и неговите производи, се користат 19 пати, однодно  значително помалку од дефинираниот родов концепт, а во бугарската верзија се користи само „пол“ (sex);

– заедничката употреба на двата концепта е содржана во член 3, б. „В“ и член 4, §. 3 во преамбулата се евидентира „sexual violence and the potential for increased gender-based violence“, односно „сексуално насилство“ и „насилство врз основа на родова (gender) ориентација.

– Во “Објаснувачкиот извештај” кон Конвенцијата: терминот “џендр“ (gender) и неговите деривати се користат 126 пати, а терминот “пол“ (sex)  и неговите деривати се користат 89 пати.

  1. Постоењето на дефиниција за “пол” или “( gender)” во автентичниот текст во дефинитивно правило во меѓународен договор или во националното право, дури и без да се разговара за нејзината содржина, само по себе претставува проблем и предизвикува силен приговор, бидејќи родот е биолошки утврдени – маж и жена, а не прашање на самоопределување.

БПЦ не ја прифаќа легализацијата на категориите како што се „џендер“, „полово идентификување“, полот како „социјално вградена улога“, „полово разбирање“, „нестереотипни полови улоги“, и така натаму.

  1. Во систематското, логично и телелошко толкување на Конвенцијата и нејзиниот наслов, станува јасно дека предметот на заштита се жените и девојките, то ест, еден од двата воспоставени пола. Во оваа смисла, постоењето на оваа дефиниција за “пол” или (gender) во автентичниот текст е спротивно на насловот на Конвенцијата и е надвор од контекстот, освен ако не се обидува да го прошири опсегот на заштита, како што е случај тука. Или, општо земено, предметниот опсег на заштита преку концептот (gender) ги вклучува и лицата кои се дефинирани со различен пол отколку од биолошкиот, а не само жените и девојките.
  2. Дефинирањето на (gender) не е содржано во ниту еден од меѓународните договори и актите наведени во преамбулата на Истанбулската конвенција. Во нашето национално законодавство не е дефинирана дефиницијата за “пол”, ниту се дефинирани поимите “маж” и “жена”.

Не е убедливо да се тврди дека поимот “трет пол” не е воведен во Конвенцијата, бидејќи содржината “пол“ или (gender) во автентичниот текст на Конвенцијата додава содржина различна од двата биолошки пола, иако ова не е експлицитно запишано како “трет пол “.

Некоректно е да се тврди дека поимот “пол” или (gender) во автентичниот текст се употребува само за целите на Конвенцијата, бидејќи општо во механизмите за нејзината примена има голем број на обврски за промена на националното законодавство. Според чл. 5, став. 4 од Уставот, предност имаат меѓународните договори пред националното законодавство, ако им противречи. Законите треба да бидат во согласност со Уставот, што нужно ќе доведе до уставни промени. Бугарскиот Устав е јасен во однос на принципот на недискриминација, вклучувајќи и врз основа на пол. Според чл. 6, став. (2) Сите граѓани се еднакви пред законот. Не се дозволени никакви ограничувања на правата или привилегии на расата, народност, етничка припадност, пол, потекло, религија, образование, убедувања, политичка припадност, личена и општествена положба или имотна состојба. Останува прашањето како се помирува уставниот концепт за родот и концептот на пол според Конвенцијата, бидејќи текстот е доставен на бугарски јазик до Националното собрание.

  1. Загрижувачки се изразите што се користат за преземање мерки за искоренување на обичаите и традициите поврзани со “стереотипните улоги за мажите и жените” (член 12, став 1 од Конвенцијата).
  2. Член 4 став 3 од Конвенцијата гласи: “Примената на одредбите на оваа Конвенција од земјите, особено мерките за заштита на правата на жртвите, треба да се обезбеди без никаква дискриминација заснована на пол, социјален пол, раса, боја на кожата, јазик, религија, политички или други убедувања, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, имотна состојба, раѓање, сексуална ориентација, идентитет врз основа на полот, возраста, здравствената состојба, инвалидност, брачна состојба, статус на мигрант или на бегалец или друг статус. “

Нема сомневање дека оваа норма е неопходна за толкување, бидејќи одредбата е категорична – постои пол и социјален пол – „sex“ и „gender“.

  1. Затоа, членот 6 од Конвенцијата, не ги обврзува државите да ги спроведуваат “родовите политики”, како што вели бугарскиот превод, туку да се примени родовата политика (genderpolicy), како што вели автентичниот текст.

Несомнено за Светиот Синод е, дека овие две одредби – чл. 4 (3) и чл. 6 од Конвенцијата предвидува нејзина целосна примена во националното право. Резервите и декларациите за неа не се квалификуваат за целите на Конвенцијата.

  1. Точката 53 од „Објаснувачкиот извештај“ на Конвенцијата објаснува кои групи на луѓе се вклучени во опфатот на заштитата – “Одредени групи на поединци можат исто така да бидат дискриминирани врз основа на нивниот родов идентитет, што едноставно значи дека општествениот пол, со кој тие се идентификуваат не е во согласност со биолошкиот пол што им се припишува при раѓањето. Ова ги вклучува категориите на поединци, како што се трансродовите и транссексуалните лица, кросоверите, трансвеститите и другите групи на луѓе кои не се вклопуваат што општеството ги идентификувало како припадници на “машките” и “женските” категории.
  2. Во резолуцијата на Европскиот парламент од 12 септември 2017 година за предлогот за одлука на Советот за склучување на Европската конвенција на Советот на Европа за спречување на елиминацијата на борбата против насилството врз жените и семејното насилство COM (2016) 0109-2016 / 0062 NLE) се вели:,

– т „И“ – со оглед на тоа што мора да се преземат мерки за справување со новите феномени на онлајн насилство врз основа на пол, вклучувајќи навредливи ставови, малтретирање и закани, особено на млади жени и девојки и ЛГБТИ луѓе;

– т. „С“ – додека одредени групи на жени, како што се жени-мигранти, жени-бегалци и баратели на азил, жени и девојки со посебни потреби, жени-ЛГБТИ и жени Ромки, се изложени на ризик од повеќекратна дискриминација и затоа се уште подложни на насилство поради расизам, ксенофобија, хомофобија, трансфобија или интерсексофобија, како и дискриминација врз основа на возраст, инвалидност, етничко потекло или религија.

Од овие резолуции, јасно е дека за Европскиот парламент на Европската унија не само ЛБТ жените, туку и сите ЛГБТИ лица се предмет на заштита на Конвенцијата и затоа не може да се рече дека оваа категорија лица не се вклучени во Истанбулската конвенција.

  1. Загрижени сме и од содржината на член 12 од Конвенцијата, во кој државите – станки по Конвенцијата треба да применат мерки за вклучување во учебниот систем „на учење материјал по прашањата како што е еднаквоста помеѓу жените и мажите, нестереотипните улоги на полот, како и од философијата вложена во член 14 од Конвенцијата „за промовирање на промени во социјалните и културните модели на однесувањето на жените и мажите, со цел искоренување на предрасудите, обичаите, традициите и сите други практики, основани на идејата за незначителност на жените или на стереотипните улоги на жените и мажите.
  2. Јасно е дека член 78 “Резерви” на Конвенцијата во нејзиниот делокруг не ги вклучуваат коментарите на контроверзните текстови, освен да направат резервација против самиот член 78, што во суштина е невозможно.
  3. Што се однесува до предлозите за усвојување толкувачка изјава од бугарскиот парламент, треба да се истакне дека таквите беа направени од Литванија и Летонија, кога беше потпишана Конвенцијата и Полска по нејзината ратификација. За ратификацијата на Полска има забелешки од други земји – Швајцарија, Австрија, Холандија, Шведска, Норвешка, Финска – дека интерпретативната изјава на Полска во суштина е резерва на Конвенцијата, што е неприфатливо според член 78, односно дека оваа изјава не е препознаена. Во меѓународното договорно право, толкувачките декларации немаат правна сила и не можат да се спротивстават на релевантниот меѓународен договор, освен ако не е изречно предвиден.
  4. Самата конвенција во принцип може да биде изменета врз основа на член 72, но тоа практично е тешко да се спроведе.

Почитувани пратеници:

Секоја власт е од Бога и во општеството мора да постои согласност која е за доброто на бугарскиот народ и е во хармонија со мотото на бугарското претседателство со Европската унија – единството ја прави силата.

Св. Синодот не ја поддржува Конвенцијата поради обврската за преземање законодавни и други мерки од страна на државите, да воведат концепти и принципи спротивни на јавниот и правниот поредок и моралните вредности.

Бугарија има национални закони кои воопшто обезбедуваат заштита од насилство, вклучително и семејно насилство.

Водени од погоренаведеното и загрижени за иднината на нашиот народ како нејзини духовни архипастири, го повикуваме Народното собрание да го слуша гласот на народот и да не ја ратификува Истанбулската конвенција, која воведува концепти кои се во остра контрадикција со нашата православна вера, национални традиции и правниот систем.

Свет татковински долг на Св. Синодот на Бугарската Православна Црква – Бугарската Патријаршија е да го потсети Божјиот народ на зборовите од Св. Библија: „Тешко им на оние, кои злото го нарекуваат добро и доброто – зло, темнината ја сметаат за светлина, и светлината – за темнина, горчливото – за слатко, а слаткото – за горчливо!“ (Ис. 5:20).

 

Претседател на Светиот Синод:

† НЕОФИТ

ПАРТИАРХ БУГАРСКИ И МИТРОПОЛИТ СОФИЈСКИ

† СЛИВЕНСКИ МИТРОПОЛИТ ЈОАНИКИЈ

† ВЕЛИКОТРНОВСКИ МИТРОПОЛИТ ГРИГОРИЈ

† ЛОВЧАНСКИ МИТРОПОЛИТ ГАВРИЛ

† ПЛОВДИВСКИ МИТРОПОЛИТ НИКОЛАЈ

† ДОРОСТОЛСКИ МИТРОПОЛИТ АМВРОСИЈ

† ЗАПАДНО И СРЕДНО ЕВРОПСКИ МИТРОПОЛИТ АНТОНИЈ

† ВАРНЕНСКИ И ВЕЛИКОПРЕСЛАВСКИ МИТРОПОЛИТ ЈОАН

† НЕВРОКОПСКИ МИТРОПОЛИТ СЕРАФИМ

† РУСЕНСКИ МИТРОПОЛИТ НАУМ

† СТАРОЗАГОРСКИ МИТРОПОЛИТ КИПРИАН

† ВРАЧАНСКИ МИТРОПОЛИТ ГРИГОРИЈ – АДМИНИСТРАТОР НА УПРАЗНЕТИОТ ВИДИНСКИ ЕПАРХИСКИ ПРЕСТОЛ

 

Превод од бугарски:

чтец Дамјан Трпкоски

Извор: http://bg-patriarshia.bg/news.php?id=254101