Бидете внимателни со своите мисли: сите несреќи се од нив

Ние сме исполнети со разни мисли, од кои повеќето од нив – се наши стравови за различни поводи. Опитот говори, дека поголемиот дел од тие стравови, никогаш нема да се воплотат во животот. Но ние не престануваме да се грижиме во однос на некои идни настани, измачувајќи се себеси и нашите најблиски. А од она од што се плашиме, тоа никогаш и не се случува.

Сите стравови живеат во нашата глава, а не во реалноста. Имено нашиот ум нас не разрушува и не мачи, а не реалноста кој не опколува. Сите стравови кои се вселени во нашата глава, се инспирирани од нашите помисли и фантазии. И сето тоа на некој начин е многу опасно, бидејќи животот ни поминува, а ние не можеме да го живееме во сета негова полнота поради нашите стравови.

Важно е да запомниме, дека повеќето наши грижи и стравови се бесмислени. Нашата иднина не е во нашите раце, туку во Божјите. Сите можни промени во нашиот живот зависат не од нашите планови и предупредувања, туку од исполнувањето на заповедите, кои ни ги дал Господ.

Во кој правец ќе се развива нашиот живот, зависи од Божјата Промисла, а Промислата се открива според мерката од нашето приближување кон Бога. Приближувањето кон Бога се остварува преку исполнувањето на заповедите, односно преку живеење на богоугоден живот.

На таков начин, човекот за ништо нема да се грижи, освен да му угоди на Бога. Имено од послушноста кон Бога, зависи нашата иднина. А нашите стравови ќе исчеснат според мерката од довербата кон Бога. Тие ќе се растворат во Неговата љубов, како што малечкиот облак се раствора и станува бесконечно небо.

Митрополит Антониј Паканич

Извор: http://pravlife.org