Бдение во манастирот Успение на Пресвета Богородица – Јанковец

На 31.12.2017 г., во предвечерието на новолетието, кога го славиме споменот на Светиот маченик БонифацијСвети Григориј (Григентиј), епископ ОмиритскиСвети Бонифатиј Милостив, епископ ФерентискиПреподобен Илија Муромец; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи сеноќно бдение во црквата на Св. Игнатиј Богоносец, при манастирот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец, Ресен.

„Ангел претстател од небесата беше испратен на Богородица да ѝ рече ‘Радувај се!’ И со глас бесплотен, гледајќи Те како се воплотуваш, Господи, во ужас стоеше воскликнувајќи ѝ: Радувај се, низ Тебе радоста заблеска. Радувај се, низ Тебе клетвата исчезна. Радувај се, на паднатиот Адам исправување. Радувај се, на Ева од солзите избавување. Радувај се, висино, и за помислите човечки недостижна. Радувај се, длабочино, ни за очите ангелски несогледлива. Радувај се, зашто царски престол Си. Радувај се, зашто Го носиш Носителот на сѐ. Радувај се, ѕвездо Која Сонцето Го објавува. Радувај се, утробо на Божественото воплотување. Радувај се, низ Тебе тварта се обновува. Радувај се, низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме. Радувај се, Невесто Неневестна!“

(од Акатистот кон Пресвета Богородица, Икос 1)

IMG_8169 IMG_8174IMG_8166