Архиерејска Вечерна со Чин на простување во соборниот храм Свети Димитриј во Битола

На 18.02.2018 година,  во Неделата на простувањето – Прочка, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар во сослужение на свештениците од Битолското архиерејско намесништво отслужи Вечерна богослужба  со Чинот на простување во соборниот храм  Свети Димитриј во Битола.

Свештенството и верниот народ побараа прошка едни од други, и испросија благослов од Бога за со чисти срца да зачекорат во претстојниот Велигденски пост.