Воздвижение на Чесниот Крст Господов – Крстовден во Ресен

На 27.09.2017 г., празнувајќи го Воздвижението на Чесниот и животворен Крст Господов, во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Ресен, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија, на која ги освети првите плодови од годинашната берба и го благослови Преспанскиот јаболкобер.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Кондак, глас 4

Возвишувајќи се на крстот доброволно,на истоимениот Твој нов народ/дарувај му ги твоите милосрдија, Христе Боже,возвесели нè со Твојата сила,победа давајќи ни над противниците,/како помош имајќи го Твоето оружје на мирот, //непобедливата победа.