Воведение на Пресвета Богородица во храмот – Архиерејска Вечерна Богослужба

На 03.12.2017 г., во предвечерието на празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот (Пречиста), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи празнична Вечерна богослужба во храмот Пресвета Богородица, Битола. 

Пред Вечерната, духовенството при храмот, каде се наоѓа чудотворната икона Патеводителка, ги положија пред иконата првите дарови дадени од верните, во благодарност за добиената помош.

Тропар, глас 4:

Денес нa Божјото благоволение е предобразување/и на спасението на луѓето – проповедање:/во Божјиот храм јасно Дева се јавува/и Христа на сите го предвестува./Кон неа и ние велегласно да извикаме:/Радувај се, на промислата на Творецот – исполнување.