Во САД канонизиран новопрославениот светител Мардариј Либертвилски

Голем број на свештеници, монаси и мирјани, на чело со Светејшиот Патријарх Иринеј се собраа во манастирот на Свети Сава во Либертвил, во близина на Чикаго (САД) на канонизацијата на новопрославениот српски православен епископ Американски и Канадски.

270006.p 270008.p

На Божествената Литургија, во неделата, на 16 јули, 2017 г., ѝ претходеа мноштво настани во слава на светиот Мардариј во храмот Свети Сава, соопштува сајтот на Српската Православна Црква. После прес-конференцијата, во салата на парохискиот дом на Соборната црква, по благослов на митрополитот Амфилохиј за првпат се покажа филмот „Тивко пристаниште Христово“ за светиот Мардариј (во продукција на Острошкиот манастир).

270010.p

https://www.youtube.com/watch?v=3B5I3mD4ro4

 

Извор: http://www.pravoslavie.ru

Поврзано: Во Америка откриени моштите на светиот Мардариј (Ускокович)