Во очите на Лиза, можеше да се види Христос – о. Константин Кашиманов

Денес, на гробиштата во Новодевчкиот манастир ќе биде извршено опелото над Елизавета Глинка, позната како Доктор Лиза, претседател на хуманитарниот фонд „Справедлива помош“, која трагично загина во летото Ту-154. Во приложение, ја принесуваме статијата на о. Константин Кашиманов во нејзин спомен.

Доктор Лиза беше свет човек. Што е тоа светител? Тоа е оној, кој душата своја ја полага за ближните свои. Таа многупати беше спремна да ја положи. И ја положи. Прекрасна е смртта на прекрасниот човек на патот кон доброто.

Зошто таа правеше така? Таа позна, што е тоа благодат. Без благодат и без Господ да се допре до срцето, не можеме да ги сакаме луѓето. Ние мислиме, дека светител е некој кој оди по воздух, ништо не јаде и зборува само со зборови од Светото Писмо. Не. Тоа е оној, кој во себе го одразува Христа. Во очите на Лиза, можеше да се види Христос.

Уметниците не беа свети. Но тие не беа грешници. Кога на фронтот зборуваа музичарите, за миг прекинуваа пушките. И тоа е огромно богатство. Кога зборува музиката, омекнуваат срцата.

Оменкнуваа срцата на германците, кога ја слушаа Марлен Дитрих.

Омекнуваа срцата на русите, кога ги слушаа Русланова и Шостакович.

Кога ќе омекнат многу срца, умира војната.

Музичарите знаат да зборуваат на јазикот на ангелите. А јазикот на ангелите ги отвора небесните книги на хармонија и богатства.

Заедно со загинатите музичари исчезна дел и од тоа богатство, кое преку нив влегуваше во светот.

Кога луѓето пишуваат лошо за Лиза и музичарите загинати во авио-катастрофата, не треба да се караме и да ја читаме нечистотијата, која тие ја излеваат од своето срце. Ние не се караме со излиената канализација на устата и не го слушаме кона што го мрмори на улица пијаниот човек.

Не смееме да дозволуваме во душата да влегува зло. Злото е живо само со нашето внимание.

Патниците од летот ТУ-154 загинаа во ден кога милијарди луѓе го празнуваа Божик. Тоа славословие од хорови се пополни и со тој хор.

Можеме да пробаме да ја преминеме границата на световите и да го видиме она, што денес се случуваше под небото. Сета Земја како аналој чадеше од темјан. Од земјата, како потоци кон небото се искачуваа пеење и музика во слава Божја. И милиони души се стремеа кон Бога. И во тој хор на насочени кон небото, се појави нова стотица руски луѓе, кои сакаа да го направат овој свет поубав и подобар.

Ненадејно, нашите мили другари, престапувајќи го прагот на животот и смртта се најдоа меѓу душите што го слават празникот на вечното Рождество.

И покрај сиот трагизам на ситуацијата за нас, тие паднаа од брод на бал – на вечера Христова. Така, уморниот измачен гостин, кој тешко влегува во салата, и слави за рождеството, гостите го гледаат, ги креваат рацете за да го поздрават, го седнуваат на маса, му даваат вино на радоста и му предлагаат здравица. А тешкотиите по патот исчезнуваат покрај радоста на веселбата.

Радоста и блискоста со Бога наскоро ќе ги смири нивните души, а земниот живот ќе им изгледа како сон. И колку и да биле прекрасни нашиот живот и нашата љубов на Земјата, она што нè очекува е многу подобро. Нам ни е тешко да ги губиме нашата љубов и нашите сакани. Но кој рече, дека ги губиме? Само што, сега сè ќе биде поинаку. Подобро.

Не лути се, Украина. Не го оправдувај злото. Злото се уништува себеси. Злото ги повикува духовите на злото. А великодушноста како одговор ја раѓа љубовта на Бога.

Со Лиза, ние неколку пати се имаме допишувано. Јас пишував статии во нејзина одбрана. На секоја Литургија се молев за неа и таа благодареше и ми велеше, дека молитвата ѝ е многу потребна. Мене ме трогна она, колку таа ја ценеше помошта од Бога и од луѓето. Мислам дека и сега ќе се радува на нашите молитви.

Кога се молиш за починатите, не чекај да ти се јават во земниот образ со земни зборови на усните. Сега, нашиот јазик – е јазикот на благодатта. Се молиш за љубените и го чувствуваш нивниот одговор преку топлината, која доаѓа на срцето и знаеш – тие слушнале, одговориле, Бог им дозволил да ни се приближат.

Добро е да се молиме за луѓето. Молитвата за покој го оживува срцето, го прави помеко и потопло. Она, што ние умееме да го правиме со молитвата, Лиза го правеше со грижа, упорност и цврстина. Со сочувство и насмевка. И некаде, во божествената длабочина, тоа е едно и исто – молитвата и милосрдието, трудот и постот, љубовта и жртвата.

Лиза покажа како може да се моли и да се спасува обичниот човек. А тоа, дека таа се спаси, нема никаков сомнеж.

Злото бара оправдување на злото. Доброто бара оправдување на доброто. И најголемиот адвокат на доброто – е Светиот Дух. На грчки – адвокат. На руски, бидејќи немаме таков збор, го превеле како Утешител. А всушност – тое е едно од имињата на Бога – Адвокат на доброто.

Не озлобувај се, Украина. Земи го оправдувањето на доброто. Со Бога е подобро, отколку со гневот и одмаздата.

Од избитокот на срцето зборува устата. А полнотата и квалитетот љубовта во срцето, зависи од тоа, на која страна од доброто и злото се наоѓа тоа. Лиза беше на светлата страна, а ние?

Лиза си замина, но останаа оние, кои исто како и таа Му се молат на Бога со дела. И такви ги имаме многу. Слава Ти Господи, за оние Твои луѓе, кои ни ги испраќаш. Тие живеат, мешајќи ги нашите карти, правејќи ги бесмислени нашите мерки за добро и зло, и во тоа е нивната најголема предодреденост – да нè научат на тоа, дека љубовта е жртва за луѓето, заради Христа.

Господи, не просам, знам: Ти ќе ја упокоиш Лиза во прекрасните населби. Ти нема да ги заборавиш и добрите музичари. Тие не беа лоши луѓе. Не заборавај нè и нас.

Слава Ти, Господи.

От полноты сердца глаголют уста. А полнота и качество сердца любовью зависит от того, по какую сторону добра и зла оно находится. Лиза была на светлой стороне, а мы?

Господи, не прошу, знаю: Ты упокоишь Лизу в прекрасных селениях. Ты не забудешь и добрых музыкантов. Они не были злыми людьми. Не забудь и про нас.

Слава Тебе, Господи.

Свештеник Константин Кашиманов