Владимир Познер го прашал Бога, како не Mу е срам

Во програмата „Литература за мене“ во студиото за „Директен говор“, Димитриј Биков му го поставил на Владимир Познер следново прашање: „Замислете, кај вас во програма ви дошол Господ, што би Го запрашале?“

Познер одговорил: „Јас Него би го прашал: Како не Tи е срам? Па како воопшто може да постои холокауст? Кај светиот апостол и евангелист Марко е кажано, дека ни едно влакно нема да падне од твојата глава без Негово знаење. Значи, Ти одговараш за сè и сè Тебе ти е познато. Како си можел да го допуштиш тоа што се случило? Како е можно да се случи, цунами да одземе животи на 200 илјади луѓе, меѓу кои и штотуку родени деца? Како? Тоа си Ти? Ти тоа го направи? Како не Ти е срам? И најверојатно, после тоа, не би си поминал најдобро.

Протоереј Андреј Кордочкин, старешина на храмот на светата рамноапостолна Марија Магдалина во Мадрид, му одговара на познатиот водител.

Јас не можам да одговорам за Оној, Кому е наменето ова прашање. „Он е зафатен, во преговори, но јас за него ќе одговорам“. Не.

Од моја страна, јас би го поставил прашањето поинаку. Зошто масовното погубување на луѓе – ГУЛАГ, холокаустот – воопшто се сметаат како трагедија? Впрочем, ниту религиозниот, ниту нерелигиозниот човек не гледаат трагедија, на пример, во уништувањето на инсектите – дури и да се штетни. Исто така, малку кој, освен сентименталните вегетаријанци, чувствува сожалување кон несреќните животни и уловената риба.

Тоа, што никако не можам да го разберам – од атеистичка гледна точка, е прашањето: што воопшто го прави човечкото страдање или смрт трагично, ако меѓу човекот и животните /рибите/ инсектите не постои суштинска разлика?

Преминала органската хемија во неорганска, и што понатаму? Ако оваа разлика постои – тогаш што е тоа? Зошто човекот, општо гледано претставува некаква вредност?

Зошто Бог го допушта сиот тој ужас? Тоа е исто, како да прашуваш: зошто таткото го чекал враќањето на блудниот син, кога можел да го врати со помош на полиција? Бидејќи човекот е создаден за љубов, а неслободното суштество е неспособно да го љуби ни Бога, ни луѓето.

А зошто Бог го допуштил, не само убиството на луѓето едни со други, туко и сопственото убиство? Зошто не одговорил на повикот: „Ако си Ти Син Божји, слези од Крстот!“ (Мат. 27, 40)?

Впрочем, во христијанството односот на Бога кон страдањето и смртта не се исцрпува (искажува) со зборовите „ни влакно од главата ваша нема да загине“ (Лука 21, 18). Бог не ја укинува болката и смртта, но со Своето распнување ги прави нив место на Неговото присуство во светот. Во тоа се гледа нивниот единствен – временски! – смисол.

Тоа се однесува не само на злото, кое луѓето си го прават едни на други, но и на природните непогоди. Кој треба да се срами? Бог или човекот? Кој вдахновува живот во материјата, а кој го повлекува светот надолу? Во бајката „Аленски цвет“ рајската градина венее со смртта на својот господар. И светот венее заедно со човекот.

Ние, секако, сме читале за тоа време, кога „ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откр. 21, 4), и ги помниме зборовите на Спасителот: „Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе; и во тој ден нема да Ме прашате за ништо“ (Јован 16, 22-23).

А додека ние паѓаме, повлекувајќи се себеси, едни со други и целиот свет, и светот за тоа време се руши. А бидејќи ние паѓаме, слично на Алиса, многу долго, тогаш во процесот на паѓањето, прашуваме. А зошто Бог допушта да паѓаме? Ќе биле ли болно, кога ќе паднеме? Постои ли живот после паѓањето?

 

Извор: http://www.pravmir.ru/vladimir-pozner-sprosil-u-boga-kak-emu-ne-styidno/

Превод: Игор Ризановски