Тишина

Тивко ветре нешумливо
Извира за трагач непрестајно
Широко раце распростира
Игра е за неа секоја промена,
Наоколу сегде ме бара
А кога ме најде, не ме остава

Ако заљубеност покажам
Тоа тебе ќе ти докажам
Сè ќе правам да те придобијам
Умни мисли со тебе да измијам

Не создаваше Он во бучило
Туку од ништо претходно постоечко
Кума си била на раѓањето
Старосватица на паѓањето

Немост искажува оној кој гледа
Како човек во кал се прпелка
Немост, да не наруши негова волја
Да не помисли дека друг го втурнал во неволја

Нема е и бојата на болката
Нем е и звукот на тагата
Затоа тишината
Е мајка на обновата
Утешител во самотијата
Рака подадена во трезвеноста

Во тебе тишино
Мисли се умудриле
Еј, ти самовило
Луѓе преку тебе Бога го побарале.

(Од збирката богољубива поезија „Манастирски води“, на сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир)