Со молитвата го живееме Христовиот живот

Натприродните дарови на христијанскиот живот се разновидни. Некои од нив се општи, како откупот за простувањетo на гревовите, оправданоста по благодат, осветувањетo преку крвта на Христос. Други се лични, како дарот на љубовта, смирението, побожноста, блескавиот дух во постојаната блискост со Господ, и така натаму.

Силата и ефикасноста на сите овие дарови, сепак, никогаш не може да се манифестира поинаку, освен со молитва. Со молитватa ефектот на Христовата природа се манифестира во нас. Со молитва, моќта на Неговата смрт и живот се појавуваат во нашите дела и однесување. Со молитвата, пријатниот мирис на Христос се осеќа во нашите зборови и мисли. Тој дури и се осеќа во нашата тишина и молк. Работата на Христос да откупи од гревот, да спаси од гревот и да донесе победа над злото никако не може да се пројави, освен преку живот во молитва… Без живот во молитва, сите обиди да се прогласат овие божествени дејства во човековата природа се лажни, теоретски и производ на егото или самоволието. Во таков случај, стариот Адам останува како што е, со неговите склоности, страсти, и земната природа.

Отец Матеј Сиромашниот

Превод: Дамјан Божиновски