Рождество Христово во Битола

На 07.01.2017 г., празнувајќи го Раѓањето на нашиот Господ Исус Христос, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј Битола.

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. 

Тропар, глас 4

Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот
со светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеа
на ѕвездите од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат,
Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините,
Господи, слава Ти.

Кондак, глас 3

Дева денес Надсуштествениот Го раѓа и земјата
Му принесува пештера на Непристапниот,
ангелите со пастирите славословуваат,
а мудреците со ѕвездата патуваат,
зашто, заради нас се роди Младенец,
Предвечниот Бог.

p1370097 p1370100 p1370103 p1370128

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА