Одбележан споменот на Светите 40 Битолски Преподобномаченици

На 22.03.2016 г., кога го празнувавме споменот на Светите Севастиски Маченици и Светите 40 Битолски Преподобномаченици, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија на Претходноосветени Дарови во храмот посветен на нивниот спомен, на Кркардаш (*40 браќа) во Битола. 

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Стих: Засадените во домот Господов ќе процутат во дворовите на нашиот Бог. 

Одрекувајќи се од се што е тлено и прелестно, и по животот вечен силно копнеејќи, на заколение радосно, Отци побрзавте, и како жртва крвта на Господа ја принесовте, та откако венецот нетлен го примивте, спомнете си за тие што ве чествуваат и дајте им исполнување на молбите.

P1390929 P1390930 P1390933 P1390961

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА