Недела на Света Марија Египетска

На 02.04.2017 година, во Петтата недела од Великиот пост, посветена на Света Марија Египетска, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Пресвета Богородица, во Битола.

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Секое нешто што го здобивате преку вашиот внатрешен подвиг, се одразува врз вашиот живот во Бога. Борете се против секоја страст која предизвикува во вас помисли на осудување против ближниот. Не го примајте она што непријателот ви го подметнува против оној што е неправеден со вас. Било да сте сами во вашата келија, било со други, секоја помисла на осудување, секој негативен внатрешен двиг, создава пукнатина во вашата духовна тврдина и во тврдината на братството. Ниедна помисла не се раѓа и не поминува без последици! Со добри помисли за секого што ќе го сретнете, ќе можете да откриете возљубена личност. Наспроти ова, со лоши помисли, вашето лице, вашите душевни сили, ќе ги потресат вашите односи со другите и ќе влијаат врз вашата околина. Кога благодатта е во вас, тогаш не ги гледате маните на другите, туку само страданијата и љубовта на браќата.

Старец Софрониј Сахаров

P1400184 P1400207 P1400217

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА