Дваесет и петта недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во Ресен

На 26.11.2017 г., во Дваесет и петтата недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на  Свети Јован ЗлатоустСветите маченици Антонин, Никифор, Герман и МанетаПреподобниот маченик Дамаскин; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Георгиј во Ресен. 

На Литургијата, во протопрезвитерски чин беше ракопроизведен јерејот Горан Кутлешовски.

На Божествената Литургија присуствуваше и новиот градоначалник на Општина Ресен, г-динот Живко Гошаревски со неговото семејство.

Верниот народ, се причести со Светите Христови Тајни.

„Сеопфатната промисла Божја се простира како на сиот свет, така и на секого од нас посебно“

Преподобен Макариј Оптински