Четврт Акатист кон Пресвета Богородица

На 24.03.2017 г., во четвртиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар заедно со свештенството при храмот Пресвета Богородица во Битола, ја отслужи четвртата Статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. 

ИКОС 10

Крепост Си на девствените, Дево Богородице, и на сите што кон Тебе прибегнуваат, зашто Творецот на небото и на земјата Те устрои, Пречиста, вселувајќи се во утробата Твоја, и сите ги научи да Ти повикуваат: Радувај се, столбу на девственоста. Радувај се, врато кон спасението. Радувај се, Началнице на духовна обнова. Радувај се, Подателке на благоста Божествена. Радувај се, Ти ги прероди срамно зачнатите. Радувај се, Ти со ум ги обдари во безумие паднатите. Радувај се, Ти го сотре убиецот на словеста. Радувај се, Ти го роди Сеачот на чистотата. Радувај се, брачна одајо на бессемено вневестување. Радувај се, на верните со Господа соединување. Радувај се, на девиците предобра хранителке. Радувај се, на светите души невестокрасителке. Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 11

Секоја песна што се стреми по множеството на штедроста Твоја да се спростре со пораз завршува; ако со песокот истобројни песни Ти принесеме, Цару Пресвет, со ништо достојно не сме Ти возвратиле за она што Си ни го дал нам, што ти воспеваме: Алилуја!
YouTube Preview Image

P1400013 P1400053 P1400078

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА