Архиерејска Вечерна Богослужба во Путурус

На 29.09.2017 г., во предвечерието на празникот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи празнична Вечерна богослужба во новоизградениот манастир на Преподобна Параскева (Петка), каде и ги донесе светите мошти, за да бидат положени во Чесниот престол на осветувањето, следниот ден.

Да ни даде Господ разум и сили, да ги носиме тешкотиите едни на други и со тоа да го запазиме законот Христов, љубовта и мирот. Грешките, престапите и гревовите на моите браќа да бидат мои.

Преп. Мојсеј Оптински