Архиерејска Божествена Литургија во црквата Пресвета Богородица – Битола

На 29.10.2017 г., во Дваесет и првата недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Архиерејскиот заменик протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, старешината на храмот протоереј Зоран Димовски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и Златко Крстевски, отслужи Божествена Литургија во храмот Пресвета Богородица во Битола. 

На Литургијата, присуствуваа и дел од професорите од Асоцијацијата на професори по Веронаука.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.