Во време, кога верата умира, овој човек ја одржува жива (ВИДЕО)

Тбилиси, Грузија – Христијанството во Европа умира. Црквите се затвораат зашто многумина Европејци ја напуштаат верата.

Но CBN News пронајде една малечка нација која е спротивност на она што се случува. Благодарение на трудот на еден човек, Христијанството не е само живо, но и напредува меѓу народот во Грузија.

Секоја недела наутро, повеќето цркви во Грузија ќе ги најдете полни со верен народ.

И една од првите работи, кои посетителот ќе ги забележи е дека нема клупи или стасиди во повеќето Грузиски цркви. Тоа е така, бидејќи за разлика од црковните собранија кои обично се одржуваат во Европа, христијаните тука стојат за време на службата.

„Ние велиме дека Православните христијани се како свеќи, зашто стојат пред Бога во црквите“.  Леван Васадзе, успешен Грузиски бизнисмен и про-фамилијарен адвокат,[1] зборуваше за CBN News. Неудобно е да се стои по два или три часа во редица, но ние така избираме“.

Човекот на кој најмногу му се верува во Грузија

Тоа беше случај, за време на служба во Соборниот храм на Света Троица во Грузија, во главниот град Тбилиси, кога илјадници луѓе стоеја и го слушаа нивниот најпознат граѓанин во нацијата.

Неговото име е Илија II, и тој ја води една од најстарите христијански заедници во светот.

„Историјата на Грузиската Црква датира уште од 1 век, кога апостолите на Исус Христос дошле во Грузија и го проповедале Евангелието,“ рече Илија II.

На 83 г., овој државник-старец со љубов е наречен „човек со најголема доверба во Грузија“.

„Тој го помина поголемиот дел од својот живот, повикувајќи го нашиот народ да Го следи Бог со срцето“, рече Александар, 31 годишент грузиски свештеник, кој служи во главниот град на Тбилиси. „Тој е духовен татко на Грузија и чудесен пример за тоа, што значи да се биде понизен слуга Божји“.

Веројатно никогаш не сте слушнале за него, но тука во Грузија и во околните земји, Илија II е повеќе познат дури и од филмски ѕвезди или политичари.

„Јас навистина се гордеам со него, зашто во Грузија постојат обиди да се уништи дефиницијата за бракот и семејството како институција, и тој зазеде цврста позиција да ги одбрани двете и други вредности, кои ни се посебно драги и ги чуваме во нашето општество“, забележа една млада госпоѓа од Грузија.

Патријархот Илија II е најпочитуваната фигура во Грузиското општество. Всушност, бројките од анкетата за неговата омиленост во народот, е над 90 %.

Духовна оаза

Во ексклузивно интервју, направено во неговата резиденција, Илија II, чија целосна титула е „Патријарх на Грузиската Православна Црква“, зборуваше со CBN News за длабоката љубов на неговиот народ кон Господ.

„Минатото на Црквата е преплетено со луѓето и историјата на овој народ, “ рече. „Во 4-от век, Христијанството официјални беше прогласено за државна религија“.

Тоа ја прави Грузија една од најстарите христијански земји во светот. Сокриени меѓу Кавкаските Планини и Црното море, повеќе од 85 проценти тука, велат дека припаѓаат на Православната Црква.

И додека многу соседни Европски земји доживуваат религиозен пад, Христијанството во Грузија сведочи неверојатен раст.

„Ние сме како духовна оаза во средината на овој регион“, забележа патријархот.

Возродување на верата

Илија II беше интронизиран на Божик, 1997 г., и оттогаш успеа со своја рака да ја возобнови Грузиската Православна Црква.

Тој дојде на тронот, во време кога Христијанството било под жестоки гонења од страна на Советската влада.

„Инвазијата на Бољшевиците во 1921 г., беше проследена со немилосрдни рушења на цркви и манастири низ цела Грузија“, Серго Вардосанидзе, професор по Грузиска историја и експерт за управувањето на патријархот, рече за CBN News.

„Во 1921, имаше околу 1,500 цркви и 1,600 клирици активни во Грузија. Кога патријархот беше интронизиран, имало само 50 цркви, и едвај 70 останати свештеници“, тој рече.

Патријархот иницираше низа реформи да се возобнови Црквата, вклучувајќи влегување на доста млади луѓе во Црквата.

„Тој допре до младината, охрабрувајќи ги да влезат во црквата и да размислуваат за свештенство. Тој исто така презеде чекори да го зголеми учеството во богослужбите и да ги направи полесни за восприемање“ рече Вардосанидзе.

Црквата покажа знаци на возобновување во доцните 1980-ти. Луѓе како Лоане Гамрекели, восхитен од смирението и посветеноста на патријархот на службата, реши да се придружи на свештенството.

„Патријархот ги испружи своите раце до луѓето и луѓето одговорија“, Гамрекели архиепископ на Рустави и Марнеули, изјави за CBN News од неговата епархија од Тбилиси. „Тој го проповедаше Божјото Слово, и луѓето се свртија кон Бога“.

Потоа се случи распаѓањето на Советскиот Сојуз, во доцните 1990-ти, што водеше до обновување на христијанството.

„Луѓето се свртија кон Бога и Црквата повторно почна да се гледа како заштитник на народот, културата и историјата“, рече Патријархот.

Повторно Живо Тело

Промените оттогаш се преобразувачки. Сега, има повеќе од 2,000 активни цркви, и нови кои се градат секоја година, како оваа масовна градба која никнува во покраината на Тбилиси.

Исто така, повеќе од 3,000 души примија свештенство, служејќи на духовните потреби на приближно 4-те милиони луѓе на Грузија.

„Речено е дека патријархот наследи црква, која беше жестоко гонета и и покриена со пепел Сега таа е живо тело“, рече Гамрекели.

Во 2008 г., со цел да се бори против опаѓањето на наталитетот во Грузија, Илија II објави дека тој ќе биде кум на секое трето дете родено во семејствата – и дека ќе го крштева лично. Оттогаш, тој стана кум на повеќе од 20,000 бебиња.

Молејќи се за возобновување на Западот

За CBN News, рече дека е загрижен за судбината на христијанството на Западот и се моли за неговото оживување.

„За жал, верата е изгубена во Европа и се молам, луѓето повторно да ја задобијат. Христијанството ќе ги спаси Америка и Европа и целиот свет“, рече тој.

Околу три часа после доаѓањето на служба, спориот и стар Патријарх Илија II едвај успеа да се пробие низ толпата почитувачи, кои се собраа да го слушнат неговото слово во недела наутро.

CBN News доби целосен слобода да снима како стотици мажи, жени и деца, ги исполнуваат ходниците на црквата Света Торица за да добијат молитва или посебен благослов.

„Патријархот секогаш вели дека сè што било постигнато за време на неговото управување, е благодарение на Божјата волја“, рече Вардосанидзе.

После децении на прогонување на верата, многумина тука се благодарни што црквата во Грузија, не само што преживеа, но и напредува, делумно, благодарение на желбата на еден човек да ја донесе нацијата поблиску до Бога.

„Многу добри работи беа постигнати, и Му благодарам на Бога што ми дозволи да ги преземам тие трудови за нашиот народ“, рече Илија II.

 

Извор: http://www1.cbn.com

[1] Адвокат кој се застапува за семејните вредности / заб.прев.