Вечерна Богослужба во манастирот Свети Петар и Павле – Црнеец

На 11.07.2016 г., во предвечерието на празникот на Светите Апостоли, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во манастирот Свети Петар и Павле, во Црнеец. 

По молитвите на Светите Апостоли, Господ да му подари на Митрополитот Петар,  мирен живот, здравје и спасение, и во секое добро преуспевање, над духовните непријатели победа, и да го сочува на многаја и благаја лета.

На браќата во нивниот манастир, им ја честитаме манастирската слава, посакувајќи им постојано преуспевање во благодатта која им е дадена, и секое добро од Господа.

P1300776 P1300787 P1300797