Свети Архангел Гаврил – Архиерејска Вечерна Богослужба

На 25.07.2016 г., во предвечерието на празникот во спомен на Чудата на Архангелот Гаврил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба со петтолебие, во манастирот на Свети Архангел Гаврил, во Довлеџик, Битола. 

Кондак, глас 4

На Небесата гледајќи ја Божјата слава, и на земјата од небото подавајќи благодат, началниче на Ангелите, мудри Гаврииле, на Божјата слава служителу и на Божествениот свет поборниче, спасувај ги, запазувај ги оние кои ти пеат: ти биди ни помошник, и никој нема да ни наштети.

(Свети Архангел Гаврил се смета за заштитник на музичарите и учителите, и посебен покровител на родителите и сопружниците кои му се молат за зачнување).

P1310447 P1310464 P1310473

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА