Старче, како да се молам? – Старец Пајсиј Светогорец

Еднаш, дојде кај мене една жена од побожните, и ме праша: „Што да правам, оче? Јас сум неписмена и не ги знам молитвите. Ќе се спасам без молитви?“ А јас ѝ реков: „А ти воопшто не се молиш?“ – „Се молам!“ – „А како се молиш?“ Таа ми рече: „Па, вака: кога ја метам во куќата, Го молам Бога: Боже, очисти ја нечистотијата од мојата душа, како што ја чистам нечистотијата од домов, и нека ти се допадне таа Тебе, како што мене ми се допаѓа чистиот дом. А кога перам алишта, исто така велам: Господи, измиј го злото од душата моја, за и јас да бидам чиста, како оваа чиста кошула. И така велам во сè што правам. Добро е така да правам?“ – „Живеј го така цел живот!“ Тоа е непрестајна молитва на умот. То ест, во сите околности, кога правиш нешто, да го гледаш присуството Божјо – и да ја работиш својата работа, зашто можеш тоа да го правиш.

Преподобен Пајсиј Светогорец