Рождество на Пресвета Богородица во Битола

На 20/21.09.2016 г., во храмот Пресвета Богородица во Битола, торжествено беше одбележан храмовиот празник. Во предвечерието на празникот, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, заедно со старешината на храмот, протоереј Зоран Димовски, отслужи Вечерна богослужба со петтолебие. 

Утрото, беше отслужена празнична Божествена Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

20160920_182139

Луѓе Божји, народе свет, свештено собрание! Да оддадеме почит на споменот на отците; да ја возвеличиме силата на тајната. Секој од нас, според мерата на дадената му благодат, да принесе достоен дар на ова торжество. Татковци – со благоденствието на родот; мајките – со благодетност; неплодните – со неплодност во гревот; девиците – со двојно целомудрие, на душата и телото; брачните – со пофално воздржание. Ако некој од вас е татко – нека го подражава таткото на Дева; дури и ако некој е бездетен – нека жнее плодотворна молитва, која расте од Богоугоден живот, мајката, која ги храни децата свои, нека се радува заедно со Ана, која воспитала Чедо, кое ѝ било подарено во неплодството по молитвата. Неплодната, која не раѓа, лишена од благословот на плодот, нека доаѓа со вера кон Богомданиот Младенец на Ана и да го отфрли неплодството. Девата, која непорочно живее, да биде мајка на словото, со слово украсувајќи го благолепието на душата. Брачната – да принесува умна жртва од плодовите на молитвата. Заедно, богат и сиромав, момци и девојки, старци со младите (Пс. 48, 4; Пс. 148, 12), свештеници и левити, сите заедно да торжестуваме во чест на Отроковицата, Мајката на Бога и Пророчицата: од Неа излегол Пророкот, претскажан од Мојсеј, Христос Бог, Вистината (Втор. 18, 15). Амин!

Свети Андреј Критски (од Пофалното слово во чест на Раѓањето на Пресвета Богородица)

20160920_185007 20160920_183326

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА