Раѓање на Пресвета Богородица – Архиерејска Божествена Литургија

На 21.09.2016 г., кога го празнувавме споменот на Раѓањето на Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, заедно со архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, старешината на храмот протоереј Зоран Димовски, архиерејскиот намесник, протоереј Оливер Иваноски, старешината на соборниот храм, протоереј Кирил Трајковски, протоѓаконот Горан Кутлешовски и ѓаконот Златко Крстески, отслужи Божествена Литургија, на која се одбележа славата на храмот Пресвета Богородица, во Битола. 

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

p1330536

Тропар, глас четврти

Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му возвести на целиот свет, зашто од Тебе изгреа Сонцето на правдата – Христос, Бог наш; и откако ја урна клетвата, ни даде благослов; кога ја уништи смртта, ни даруваше вечен живот.

Кондак, глас четврти

Јоаким и Ана од срамот на бездетноста, и Адам и Ева од смртната пропадливост: се ослободија Пречиста, во твоето свето раѓање. Затоа празнуваат и твоите луѓе, кои се избавија од вината на прегрешенијата, со воскликнување: Неплодната ја раѓа Богородица и Хранителка на нашиот Живот.
p1330552 p1330562 p1330577

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА