ПРВА АУДИЦИЈА

Во понеделник, на 05.09.2016 г., во 11 ч. во просториите на Светата Митрополија во Битола ќе се одржи првата аудиција за курсот по источно црковно пеење. 

Курсот ќе трае 2 години, а ќе биде вклучено изучување на следните дисциплини:

  1. Теорија на музиката со солфеж и вокална техника;
  2. Македонското древно источно црковно пеење;
  3. Хорски партитури;
  4. Типик;
  5. Литургика;
  6. Вовед во Православната вера (катихизис со црковнословенски јазик).

Стручните музички предавања ќе бидат под раководство на м-р Гоце Секулоски.

Сите заинтересирани, Ве молиме да го потврдите Вашето присуство.

 

Поврзано: Известување