Осветување на водите од Преспанското езеро. (ВИДЕО)

Отешево , 19.01.2016.  На големиот христијански празник Водици, оваа  година во Oтешево,  на плажата пред хотелот “LakeView` пред околу 1000 посетители `се изврши  осветувањето на водите на Преспанското езеро со традиционалното  фрлање на светиот крст во езерските води.Чинот на осветување на водите го водеа  свештеници од Преспанско-пелагониската епархија  од Ресенското архиерејско намесништво.

Најсереќен помеѓу 31 верник кој влегоа во ладните води на Преспанското езеро, меѓу кои имаше и една девојка, беше ресенчанецот 19-сет годишниот Дарко Барандовски кој изјави дека се чувствува среќен што успеа да го фати светиот крст и посака здравје и среќа да ги прати сите верници во оваа година.
Дарко на поклон од Градоначалникот на Општина Ресен  д-р Ѓоко Стрезовски доби Лед телевизор какои други пригодни подароци од  МПЦ и Златара Сани од Ресен.
YouTube Preview Image
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15