Осветување на црква на Света Троица во Воронора, Австралија

На 06.02.2016 г., Македонската заедница од Свети Георгиј и Sutherland Shire го прослави осветувањето и официјалното отворање на капелата на Света троица, во Меморијалниот Парк во Воронора (Woronora Memorial Park, Sutherland).

Осветувањето го изврши неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар во сослужување на протојереите о. Рубин Бојчески, о. Митко Митров и о. Димче Војовски.

На осветувањето присуствуваа околу 200 членови од локалната Македонска заедница.

Црквата претставува реплика на византиска црква од IX век. Изградена е од Јован Тодоровски, Зоран Бечовски и Стефан Костовски, и е единствена црква изградена на гробишта, надвор од Македонија, во светот.
Во приложение, го пренесуваме говорот на главниот извршен директор на Паркот, г-дин. Грахам Бојд:

„Почитувани, добредојдовте, на официјалното отворање и осветување на капелата на Света Троица.

Да му посакаме добредојде назад, и на Митрополитот Петар епископ на Македонската Православна Црква за Австралиско-Новозеландската епархија,

Ваше Високопреосвештенство, Ви благодариме многу.

Одбележувајќи го овој посебен настан, благодарност и до отец Рубин, многуте свештеници денес, и Македонската општина.

Језекија 34, 26 вели: Ќе испратам дожд. Во удобно време ќе испратам дождови благословени. Денес, во овој дожд, ние сме под Божјиот благослов.

Капелата на Света Троица ја симболизира врската на нашата заедница со Бога, основана врз срдечност и љубов. Ова место сега е дел и продолжување на историјата на Црквата, која започна со чудесниот настан на видението на човек од Македонија. Видение, кое го имал апостол Павле, пред речиси 2000 години, вдахновен од Духот да ја рашири Благата вест за Љубовта. Во Дела Апостолски, 16, 9-10, се вели: Во текот на ноќта, Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Премини во Македонија и помогни ни!“ По тоа видение, веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ нè повикал таму да го проповедаме Евангелието.

Овие зборови, сега стојат врежани тука, веднаш покрај оваа капела. Капелата на Света Троица, позната на заедницата и како македонски храм, е во традиционален византиски стил од IX век, и претставува реплика на рана македонска црква. Ова е прва црква изградена на гробишта, надвор од Македонија, во светот. Вие сте дел од историјата.

Големината и обемот на оваа црква е симболична, и претставува централно место на општината.

Напорната работа, времето и посветеноста кои беа вложени во создавањето и изградбата на секој дел од овој храм од македонската заедница е вистинско сведоштво на нејзината убавина. Градителот направи извонредна работа. А Градителот, зад градителот е Бог, и како што неговото Високопреосвештенство кажа претходно: Каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму е Црквата (Мт. 18, 20), денес вие сте градителите на Црквата.

Уште еднаш, ви посакуваме топло добредојде на осветувањето, а сега го поканувам г-динот Турни Симпсон, кој е претседател на нашиот одбор заедно со неговото Високопреосвештенство Митрополитот Петар, да се придружи на пресекувањето на лентата над спомен плочата која е веднаш пред капелата“

 

[nggallery id=104]

 

Известува: http://www.theleader.com.au