Низ Ресенските улици се одржа Коледарска Литија

Под покровителство на Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски и неговото семејство, а во соорганизација на Општина Ресен и Ресенското Архиерејско намесништво на Македонската Православна Црква, денес по одржувањето на свечената Боженствена Литургија, во Храмот Св. Ѓорѓи во Ресен , 150 –на деца

од ресенските основни училишта и детската градинка носејќи ја во раце импровизираната пештера во која се родил Исус Христос, продефилираа низ градските улици, пеејќи ја свечената коледарска песна “Вечниот Бог”, со што за прв пат во Ресен и Преспа се одржа Свечена Коледарска Литија. Организаторите на овој настан и Ресенското Архиерејско Намесништво очекуваат овај настан да прерасне во традиционален.
На учесниците во Литијата , Во Малата сала на Општина Ресен Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски им подари коледарски пакетчиња, аво ресторанот Две Лири за 150 деца беше организирана и посна коледарска трпеза.

[nggallery id=94]

(изјави даваат Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски и Отец Михаил Матвеев)

Известува: Ташовски Науме