Зошто е опасен Законот за работни односи, кој ги застапува правата на хомосексуалците?
12 ноември, 2015 г., Врховниот Суд на Украина на петтиот обид го прими новиот Кодекс за работни односи, во кого забрани дискриминација по признаци на „сексуална ориентација“ и „родова еднаквост“. Тој четврток стана „црн“ во историјата на украинскиот парламентаризам, бидејќи за првпат во законодавното поле беа внесени слични термини.
Народните избраници ја преминаа психолошката граница, и сега законодавниот процес веќе ќе се движи по инерција. Секако, примањето на тој закон не значи, дека општеството веднаш ќе почне да се тркала во „нетрадиционални“ односи. Последици ќе има, но за 10-15 години, и тоа ќе се случи на следниов начин.
Постепено, хомосексуалците ќе почнат да се појавуваат во оние сфери од општествениот живот, кои влијаат врз формирањето на општественото мислење во младинската средина: во училиштата, театрите, концертните подиуми, во кината и медиумите. Засилено ќе се спроведува идејата, дека истополовите односи се природни, дека тоа не е „грев“, туку „љубов“ дискредитирајќи ја притоа Црквата, која е моќен фактор во задржувањето и спречувањето на содомијата. Ќе се формираат образи на геј-симболи кои ќе се идеализираат, ќе се приведуваат примери на жестоко однесување кон луѓето со нетрадиционална сексуална ориентација, за да се предизвика сочувство кон нив и желба да се заштитат. Постепено, општественото мислење ќе почне да се деформира. И кога децата ќе пораснат, ќе добијат право на глас, ќе станат градоначалници, министри, пратеници, тогаш и ќе започнат главните промени. Ќе се воведе задолжително запознавање на децата со ЛГБТ-културата, изедначување на „обратните“ во правата со нормалните луѓе апсолутно во сите сфери од животот, зацврстување на приоритетноста на правата на сексуалните малцинства, ќе се донесат закони, кои им забрануваат на родителите да го попречуваат процесот на уништување на нивните деца. Апсолутно во сите земји, во кои истополовите односи станале не само норма, туку и приоритет на хуманитарниот развиток, сè започнало токму со законот за еднаквост во трудовата сфера.
Треба да се забележи, дека претставниците на Сеукраинскиот Совет на Црквите и религиозните организации категорично го осудија овој проект. По нивните зборови, ваквите поправки ќе доведат до пропаганда и нормативизирање на хомосексуализмот, а истовремено кон дискриминација на сите останати граѓани, особено верниците. За време на прес-конференцијата на 19 ноември, заменикот претседател на одделот за надворешни црковни врски на УПЦ (МП) протоерејот Николај Данилевич рече:
– Овие луѓе ние ги исповедаме, им кажуваме, дека тоа им е придобиен признак, разговараме, за да им помогнеме. Но, не ја нарушуваме тајната исповед и се трудиме да му помогнеме на човекот. Ние не бараме дискриминација – ние сме против пропагандата на хомосексуализмот, која може да се појави после стапувањето во сила на тој закон. Главен мотив за донесување на тој закон беше исполнувањето на определени барања за либерализација на безвизниот режим, но има земји, кои го имаат овој режим, но и предвидуваат затворска казна за хомосексуализмот. Така што, може и без тоа заплеткување да ѝ се пружи овој режим на Украина.
Во врска со донесувањето на овој закон, сакам да ви претставам неколку случаи, засега како возможни модели, но кои може да станат реалност:
Случај 1
Вашиот син ќе добие нов учител. Случајно ќе се дознае, дека тој е јавен хомосексуалист и не само што не ги крие своите погледи, но уште и им раскажува на децата за „убавината на машката дружба“. Вие, секако, ќе ја искажете својата загриженост на директорот на училиштето, а тој ќе ви одговори дека не може да направи ништо. Најпрвин, да го избрка учителот нема право, а второ, законот за забрана на пропаганда на хомосексуализмот меѓу малолетници, Парламентот веќе го укинал, и трето : кога разложувањето на воспитувањето на децата ќе биде се утврди правно, тогаш ќе бидат преземени потребните мерки.
Случај 2.
Во училиштето ќе се појави нов учител, кој брзо ќе им стане на децата помошник, советник… – накратко, вистински другар. Но, ќе има едно „но“: тој е јавен хомосексуалист, но тоа засега не ве вознемирува. Вие ќе почнете да се грижите дури тогаш, кога ќе забележете, дека вашето дете го подражава во облеката, во начинот на однесување, во исказите за нормалноста на истополовите односи. Вие почнувате да сфаќате како ќе заврши тоа, се обраќате кај директорот, кој ви одговара, дека најпрвин, да го отстрани учителот хомосексуалист од училиштето нема право, и второ, секое дете само одлучува кого да го подражава.
Случај 3.
Вие сте директор на претпријатие, и потребен ви е работник. Кандидатот доаѓа, пополнува анкета, во која укажува дека е лице со нетрадиционална сексуална ориентација. Вие го одбивате, не заради неговата ориентација, туку заради недоволна квалификација. Тој веднаш ве дава на суд, зашто смета дека сте го одбиле заради „сексуалната ориентација“, и нормалниот живот за вас завршил: ќе почнат да ве влечат по судови. Кон тој процес сигурно ќе се приклучат разни правозаштитни организации и либералните медиуми со барање на примерна казна за виновните. Не знам, како сето тоа ќе заврши, но вашиот пример сигурно ќе им ја избие од глава, идејата на другите раководители да ги одбиваат лицата со нетрадиционална ориентација, дури и ако тоа е на штета на производството. Нешто слично се случува во САД, кога покрај останатите еднакви услови, населението со темна боја има како некоја компензација за историската дискриминација, суштински преференци пред сите останати граѓани.
(…)
Пролетта, 2013 година, учествував во работата на „Форум за семесјтвото“ во градот Луцк. За време на прес-конференцијата, стана еден повозрасен Данец и го раскажа следново:
– Кај еден мој другар, кој живее во околината на Копенхаген, се обратиле две девојки со молба да изнајмат за една вечер една празна соба за организирање на студентска забава. Тој ги одбил, и после 40 минути бил уапсен од полицијата. Девојките го пријавиле, дека сакале да го изнајмат просторот за организирање на лезбејски настан, а тој, дознавајќи за тоа ги одбил. Тој човек поминал година и пол оди по судови, потроши многу пари, но не може да ја докаже својата невиност.
Крајот на неговото излагање беше ваков:
– Пред 25 години, кај нас во Данска беше донесен законот за еднакви можности, и сметавме дека тоа е правилно. Денес, имаме вистинска геј-диктатура, и не знаеме што да правиме со тоа.
Мене ми смета тоа, што пред гласањето на пратениците почнале да им доаѓаат sms-ки од Амбасадата на САД во Киев со напомнување за неопходноста од „правилниот“ избор. Мене ми смета тоа, што ниту еден од народните избраници не дојде во својата изборна единица и не се заинтересира за мислењето на народот, чие апсолутно мнозинство е против продвижувањето на истополовите „вредности“ во нашето општество. Мене ми смета искажувањето на претседателот Порошенко, дека безвизниот режим ќе им дозволи на украинците слободно да патуваат по Европа. Веројатно, Петар Алексеевич заборави, дека е претседател на најсиромашната земја во Европа. Со таков успех, тој можеше да каже, дека наскоро, секој селанец слободно ќе може да лета на викенд во Париз.
Ограничувањето на сексуалните малцинства во сферата на влијание врз младите поколенија беше заштитна реакција на општеството, препрека за нивното внатрешно разложување и изумирање. Со своето гласање на 12 ноември, украинските пратеници ја уништија таа заштитна бариера. И како да не се сетиме на заветот на светиот кнез Владимир, кој вели:
„Знај, народе Божји: духот, стекнуван од човекот или народот, ја определува неговата судбина; кај човекот (народот) кој се оддалечува од Бога, Бог ја одзема контролата над плоттта, и тогаш телото тоне во ненаситноста на својата сетилна природа; човекот го надвладејуваат страстите, тој се слуша само себеси и го посакува она, што го бара неговата веќе неконтролирана природа. Тој станува жесток кон другиот; тоа и е казната Божја по Неговиот духовен закон; [И бидејќи не се обидоа да го имаат Бога во разумот свој, тоа Бог ги предаде на изопачен ум – да го прават она што не прилега (Рим. 1, 26-28)]; од општествениот живот исчезнува милосрдието; постепено започнува војна на сите против сите.
Плаши се, народе Божји, од игнорирање на Божествената волја, зашто тоа води во катастрофален цивилизациски ќорсокак, во кого полнотата на христијанскиот духовен живот е заменета со фалшивиот, вештачки блесок на материјалниот успех, изграден врз слободата и власта на порокот“.
И пробајте да речете, дека тоа не се однесува на нашата Украина.
Сергеј Белјаков
Николаевски локален родителски комитет
Во приложение, една видео илустрација на современата „рамноправност“.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/89686.html