Архиерејска Вечерна богослужба во манастирот Свети Илија – Ротино

На 01.08.2016 г., во предвечерието кога го празнуваме празникот на светиот пророк Илија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во манастирот Свети Илија, Ротино.“Говореше авва Нистерој: „Немој да посакуваш да ти се случува она што тебе ти се чини дека е добро, туку она што Му е угодно на Бога, и ќе бидеш мирен и задоволен во молитвата.“ Уште говореше: „Ако сакаш да се помолиш како што треба, не си ја жали душата; инаку напразно се трудиш.“”

Старечник 

По молитвите на светиот пророк Илија, Бог да го поткрепува братството на овој манастир, и да го сочува на многаја и благаја лета.

 P1310983 P1320001

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА