Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да Го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.

Старец Софрониј Сахаров