Свети Нектариј Битолски – Архиерејска Божествена Литургија и Литија

На 18.12.2016 г., кога го празнуваме споменот на светиот Нектариј Битолски и на светиот Сава Освештен, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на свештенството од Битолското Архиерејско намесништво отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј.

На Литургијата присуствуваше и градоначалникот на градот Битола, г-нот Владимир Талески, како и мноштво верници кои дојдоа заеднички да го прослават споменот на заштитникот на градот.

После Литургијата, беше одржана свечена Литија низ центарот на градот, со чесните мошти на св. Агатангел Битолски.

Во прилог, следуваат фото и видео материјали од празникот.

1 3 9

20161218_092319 p1360460

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА