За подвижничкиот живот во Црквата – Архимандрит Рафаил Карелин

Што е тоа Вера?

Коренот на ова прашање се крие во христијанската антропологија. Што е тоа човек? По што тој се разликува од другите битија? Овде, на земјата, среќаваме разноразни облици на живот, но помеѓу човекот и било кое друго битие постои огромна провалија.

Човек – каква е тоа тајна? Гледаме дека човекот по својот телесен состав е сличен со другите битија, и дека истовремено е голема тајна. Човекот не припаѓа само на земјата, туку припаѓа и на вечноста. И тој самиот е свесен за таа тајна. Од една страна, човекот е предмет на овој свет, условен е од неговите закони. Од друга страна, човекот чувствува дека е слободно битие, личност која има можност на самоопределување. Светото Писмо ни ја открива ова тајна. Господ го создава човекот од земја и истовремено вдахнува во него нешто друго, Боженствено, неземно, што во Библијата се нарекува „Дух Животен„. Тоа е човековата душа. Во душата е запечатен образот Божји. Тој е како Божја сенка на земјата. Во самото создавање на човекот, кој се наоѓа на самата граница на два света-материјалниот и духовниот, во самата душа на човекот, кој е и одраз и образ Божји, се крие тајната на неговите внатрешни слободи.

agio-oros1

Заради што луѓето различно реагират на повикот на Божјата благодат? Зошто едни се спремни да го посветат целиот свој живот на Бога, а други се рамнодушни кон верата, трети се однесуват со презир, па дури и со омраза? Зошто многу атеисти ја отфрлат верата како философски систем, кој за нив е неприфатлив, дури и го мразат Христос како свој личен непријател? Тоа исто така е тајна, тајна на човечкото срце.
Сè што човекот прави и за што размислува, сите негови желби, внатрешни аспираци и пориви, сите негови дела и зборови секогаш оставаaт трага. Постојат духовни закони „Сè остава трага„. Ние имаме два вида на спомени: умствени спомени и спомени на срцето. Човечкиот ум, односно разумот не може да ги задржи внатрешните и надворешните информаци кои ги добива човекот. Затоа, разумот има спасоносна способност – да заборава. Кога човекот не би можел да заборава, едноставно не би можел да постои, би го задушиле премногуте информаци. Но, тој има и друго помнење. Тоа е помнењето на срцето, кое го содржи целиот негов живот – и надворешен и внатрешен, во кодиран облик. Таму се запечатува сè. Сите ликови, чувства, желби, намери, постапки – сето тоа, во шифриран, кодиран облик останува во човечкото срцe.
Кај Светите Отци срцето се нарекува „книга на совеста„. На Страшниот Суд човекот ќе го види целиот свој живот заради тоа што книгата на неговото срце ќе биде отворена и дешифрирана. Тој ќе го види целиот свој живот, ќе се види целиот себеси, од раѓање до смрт, во целата своја голотија-духовна голотија. Срцето е онаа точка во која се собира сè она што човекот стигнал да направи, каже, помисли, или само да осети во овој живот. Тоа може да стане она таинствено поле, каде човекот се сретнува со Бога, и истовремено човечкото срце со својот внатрешен глас може да му каже на Бога: „Не не сакам да знам за Тебе„.
Христос во Откровението (Јованово) Себеси се споредува како гостин. кој стои пред затворена врата. Гостинот чука на таа врата. Домаќинот може да отвори или да не отвори – како одговор на ова таинствено чукање Божјо, Христос вели: „Ако некој го слушне мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него“, односно „Со Благодата Своја ќе влезам во душата негова „И ќе вечерам со него, и тој со мене“ (Откр. 3, 20), односно„ Ќе ја поделам радоста со него“. Каква е тоа радост? Тоа е средба и соединување на човекот со Христос, тоа е хранење на човекот со Светиот Дух. Секој од нас има право да му каже на Бога: „сакам„ или „не сакам„. Господ на човекот му дарува слободна волја. Тоа е голем и страшен дар, големината на човекот и воедно и голема одговорност, за која повеќето луѓе не се свесни.
Се прашуваме: зошто човечките души на различни начини одговарат на Бога? – Затоа што содржината на човечкото срце е разнородна. Главна препрека на човекот да го слушне Христовиот глас и да тргне по Него е духовната гордост. Духовната гордост е пострашна од сите човечки страсти. Духовна гордост е целосно верување само во себе самиот, во своите внатрешни сили.
Духовна гордост е отфрлање на помошта Божја. Човекот како да вели: „Не ми треба никој, јас сум самиот извор на мојата сила, на моето спасение“. Заради тоа духовната гордост го тера човекот да се гледа себеси како центар на своето сопствено постоење: нему Бог не му е потребен. Дури и ако гордиот човек исповеда некоја религија, таа за него секогаш останува споредна форма. Поточно тој има друга религија – егоизам, односно тој самиот за себе е Бог.
Излегува дека, надворешно гледано, многу чесни и воспитани луѓе, кој притоа наизглед не се лишени од другите доблести не веруват во Бога. И повторно се прашуваме: зошто? Кога овие луѓе би живееле по грубите сетилни страсти верата би им сметала да ги задоволуват своите ниски нагони. Но, понекогаш гледаме луѓе во извесна смисла морални и истовремено рамнодушни кон верата. Како да го објасниме тоа? Работата е во тоа што на нивната душа им недостига главното – реално гледање на себеси, своите материјални ограничувања во својот внатрешен пад.
Тие немаат потреба за друга, виша сила, која може да ги преобрази, да ги препороди и спаси; тие едноствно не чуствуваат, не ја гледаат својата болест. И заради тоа на тие луѓе Бог им е потполно туѓ. Некои од нив толку многу ја шират сферата на својот егоцентризам со што на извесен начин ги вклучуваат во неа и другите луѓе. Тие велат: “За нас религијата е – љубов кон човештвото, за нас самото човештво е Бог”. Творец на таквата чудна религија бил Фојербах, со кој најмногу се користел Маркс (иако тој го критикувал Фојербах). Но, што е тоа “човештво”? Родот човечки, на крајот на краиштата, претставува збир на исти такви несовршени суштества како што е еден човек. Збирот на несовршени не може да биде совршен. Збирот на огранченото, не може да биде безграничен. Затоа “религијата на човештвото”, е истата онаа религија на егоцентризмот. . .
Значи, првата препрека која му смета на човекот за да го чуе Божјиот глас е духовната гордост, која како огромен бедем стои помеѓу душата и Бог. Меѓутоа, искушенијата и потресите го рушат овој бедем. За време на трагедии и катастрофи кај многу луѓе се буди религиозното чувство. Паѓаат и се разбиваат идолите кои тие сами си ги створиле и со кои сакаат да го заменат Бога. Впрочем, ова ни оддалеку не се случува секогаш со сите. Некои луѓе искушенијата и потресите, сосема напротив, ги озлобуваат и ги прават сурови.
Друга препрека која стои помеѓу душата и Бога, е обземеноста со световниот живот, неговата апсолутизација, односно потполно без остаток , се препуштаат себеси на световната култура, обземеност во сите негови сложени проблеми. Човекот како да нема време да погледне во небото – тој или личи на вечно зафатена мрава или потполно се задоволува со оние видови душевни наслади кои можат да му обезбедат уметноста, науката и сл. Со други зборови, човекот е потполно насочен кон душевните вредности на овој свет и не помислува дека постојат други – духовни. Всушност, искрено зборувајќи, човечката уметност, книжевноста и поезијата во целата своја сила претставуваат стихија на човечката страст, каде злото се појавува под маската на доброто, а се опеваат лошите пороци кои изгледаат привлечно. Заради тоа некои автори и писатели биле навистина религиозни луѓе. Интересот за световна уметност, потполното уклучување во световната проблематика го одделува човекот од вечноста. Во земната бучава тој повеќе не го слуша тивкиот глас на духот. Затоа, уметноста сама по себе ја возбудува и развива човечката имагинација и фантазија. А имагинацијата и фантазијата како дебела завеса го покриваат нашето срце. Човекот кој се наоѓа во заробеништво на своите соништа и фантази живее во лажен свет, кој тој самиот го створил и во кој се присутни демонски сили. Нему му се чини дека живее духовен живот, а тој живот всушност е надворешен; неговото срце останува неисчистено, непрепородено.

14817813

Бог му се открива на човекот како досега непознатиот внатрешен духовен живот. Чистата душа не го чувствува Бога како сила која доаѓа однадвор, или како сила која потенцијално постоела во неа самата, туку како вклучување во нешто сосема друго, ново живеење. Кај луѓето со заробени срца кои станале заробеници на овој свет, постепено се заглушува – како да атрофира способноста, да ги прифаќаат брановите кои доаѓаат од вечноста. Во Библијата постојат зборови: Научете и познајте дека јас сум Бог (упразднитеся и разумейте. . . ) (Пс. 46, 10). Тоа значи дека човекот мора да научи да се исклучи од овој свет, умствено да се издигне над овој свет, да бара друго постоење надвор од границите на материјалниот и духовниот свет. Тој мора да се исчисти од своите претстави и страсти за да го осети здивот Божји. Во човекот кој е потопен во сензуалност, Божјиот повик понекогаш предизвикува повреда. Тој мисли дека верата сака да го лиши од оние радости кои ги дава овдешното постоење, дека верата за возврат на оние реални чувства и наслади (колку и да траат кратко и колку и да бидат лажни) нема да даде ништо освен ветувања кои нема да се остварат. И затоа оние светољупци, оние луѓе кои со целото свое срце се врзани за овој свет обично кон верата се однесуваат или со ладна рамнодушност или со скриена злоба во срцето.
И на крај, трето: тоа се страсти од кои човекот несака да се ослободи. Верата од него бара аскетизам, верата бара промени. Оној кој станал заробеник на своите сопствени страсти мора себеси психолошки да се убеди во тоа дека нема ни вечен живот ни одговорност за направените дела, ни идни казни или награди. Затоа човекот кој е потонат во чулни страсти, постојано одвнатре се убедува во тоа дека не постои вечност: таа едноставно не му одговара; тој се убедува себеси во тоа за спокојно да му се препушти на своите страсти. Тоа е третата причина заради која човечкото срце го отфрла Бога.
Постои отфрлање на својата волја, но постои и отфрлање поради незнаење, – кога кај човекот вештачки се створени извесни атеистички комплекси. Тогаш тој нема проблем со верата, туку со својата карикатурална претстава за неа; не го отфрла Бога, туку карикатурата која од детството му се прикажува како модел за верата. Овој вид на неверство најлесно се руши кога човекот сериозно ќе се запознае со христијанската вера како со поглед на светот и верата како мистична појава.
Но, повторно се поставува прашањето: што е тоа вера и зошто човекот верува? Човекот верува затоа што тој е образ и подобие Божјо. Помеѓу Првообразот и образот постои врска. Таа врска се нарекува симпатичка врска. Верата во самиот човек потенцијално се наоѓа како можност, така што таа нас ни е својствена; меѓутоа, тоа не е способност која човекот може сам да ја развие. Верата оживува само со дејство на Божјата благодат. Заради тоа таа е синергија, односно соединување на две волји- Божја и човечка. Верата е подвиг на човечкиот дух и исполнување на негоите способности да верува и да не верува, да го развива или да го гуши ова чувство. Но, од друга страна, верата за човекот секогаш претставува дар Божји, затоа што без благодата Божја таа останува само можност на човечката душа. Заради што човекот верува или не верува? Верува кога неговата волја се потчинува на божјата благодат, верува кога го бара Бога (можеби и несвесно) и во длабочините на човечкото срце доаѓа до ова прекрасна средба. Не верува, кога неговото срце се затвора пред благодата. Има растенија кои ги затвораат лисјата на најнежен допир. Така и срцето на оној кој не верува се затвора кога ќе го осети допирот на благодата. Тоа не ја сака, нему благодата му е туѓа.

Архимандрит Рафаил Карелин, Со Христос кон височините на Обожувањето

Превел: Ѓоко Павловски