„Вознесение Господово“ – документарен ФИЛМ на митрополитот Иларион Алфеев, со македонски превод

На врвот на Елеонската гора, во црквата на Вознесението, се наоѓа христијанска светиња, која руските богомолци секогаш ласкаво ја нарекуваат „Стапалка“. Се смета, дека тоа е отпечаток од левото стапало на Исус Христос, оставен во моментот на Неговот Вознесение. Навистина ли е тоа вистински артефакт или симбол кој се појавил подоцна? Зошто на четириесеттиот ден после Воскресението на Спасителот се случило Неговото Вознесение? И која е духовната смисла на тој настан?

Митрополитот Иларион (Алфеев) во уште една епизода, од авторскиот документарен циклус „Празници“ ќе ни раскаже за вознесението Господово, и за тоа, зошто христијаните го сметаат овој ден за еден од најважните во црковната година.

Филм на митрополитот Иларион (Алфеев)
Студио „Неофит“
по нарачка на добротворниот фонд Св. Григориј Богослов, 2014 г.

YouTube Preview Image