Вовед во еколошкиот проблем – теолошки погледи

Еколошкиот проблем – проблем на односот помеѓу човекот кон светот

Проблемот со кој се соочува Црквата во современиот свет е оној, кој што е поврзан со прашањето за односот на човекот кон светот.

Овој проблем во науката и во пошироката опшествена заедница е познат како еколошки проблем. Етимологијата на самиот назив „еколошки“ нè упатува нас на суштината на овој проблем, а тоа е односот на човекот кон сопствениот „дом“ , местото, односно средината во која живее и работи. Ако тоа го преведеме на библискиот јазик, тогаш тоа значи дека еколошкиот проблем е проблем на човековиот правилен или, пак неправилен однос кон севкупната творевина, која Бог во почетокот му ја доверил на чување, тоа е проблем на човековите правилни или, пак неправилни употреби на таа творевина Божја, која не е во човечка власт, но во Божја власт. Во таа смисла, самиот еколошки проблем постојано е надфеноменален длабок духовен проблем од духовната криза на човековиот однос кон Бога: таму каде е пореметен човековиот однос кон Бог и со Бога, таму неизбежно доаѓа и до пореметување на човековиот однос кон целата Божја творевина: кон живата и неживата природа.
Еколошкиот проблем – без никакво двоумење е еден од најголемите и најтешки проблеми со кои се соочува современата цивилизација. Сведоци сме веќе и претпоставуваме на незапирливата потрошувачка на матријалните добра, која предизвикува сеопфатно загадување, и дури неповратно уништување на природната околина, било во процес при набавка на основните суровини (нафта, гас, дрва, руда …), било во процес при индустриска преработка на основните суровини, било во процес на произведување на енергија (термо – централна, хидро – централна, нуклеарно – централна), односно при индустриската преработка воопшто, било во процес при генералниот технолошки развој на цивилизацијата.
Размерите на тоа уништување и загадување на природната средина сèуште не можат да се согледаат и проценат во потполност, но она што е очигледно се ефектите на тој трагичен процес, кој на пародоксален начин е неодвоив од цивилизираниот технолошко – економски прогрес, глобален, т.е. влијае на целата планета – Земја како единствен еко – систем („планетарниот ефект на стаклените насади“, „глобалното затоплување“, топењето на ледот на Артикот и Антартикот, подигањето на нивото на океаните и морињата и тоа попратено со поплавувања на огромни пространства во крајбрежните области, нарушување на озонската обвивка, изчезнувањето на стотици и илјадници растителни и животински видови, нанадоместливо масовно уништување на шумските ресурси ширум светот, планетарното загадување на реките, езерата и морињата, глобалното загадување на животната средина со бионеразгранливи и радиоактивни материи …) и тоа не преставува само проблем на еден народ, опшество, држава или континент, туку – горчлив проблем на сите луѓе и народи во целиот свет, бидејќи е загрозена целата планета, целиот човечки Дом: „Човештвото, денес како никогаш до сега, стравува за својот опстанок, бидејќи изгледот на земјата е разрушен во планетарни размери. До невидени размери погодено е неговото тло, внатрешноста, водата, воздухот, растителниот и животинскиот свет. Се заканува опасност не само од уништување на човековиот живот на земјата, туку и од уништување на самата земјена планета“. Говорејќи, во својата студија „Еколитургика“, за трагичното сеопфаќање на еколошката криза со која се соочува современиот свет, Татјана Горичева, светски позната руска и хрустијанска научничка по философија, ја споменува опомената на Феликс Гуатариј, кој во книгата „Три екологии“ – тврди дека сите претходни протвречности и судирања во историјата (географски, цивилизациски, културолошки, религиски или класни…) го губат денес своето значење, односно постануваат безначајни пред реалноста на глобалното пропаѓање и животно умирање, т.е. пред лицето на планетарно – универзалната еколошка криза.
Ваквиот алармиран забрзан тек на случувањата – целиот свет го водат во еколошка катастрофа со непредвидливи последици по животот на целиот човечки род. Научниците на природните и хумастичките науки веќе со децении се обидуваат да дадат научен одговор на еколошкиот проблем, да ги одредат начините и правците за остварливо решавање на тој проблем. Со еколошкиот проблем се занимаваат бројни специјалистички и експертни установи ширум светот. Еколошката тема е една од најзастапените теми во животот на современата цивилизација: скоро во сите земји на светот, од оние најразвиените до оние најнеразвиените, се одржуваат многубројни научни, економски и политички собори и конференции, кои се занимаваат со темата за еколошката криза и за заштитата на животната средина. Истовремено, секаде во светот се вложуваат значајни, но не и доволни, институционални напори да се во што пошироки размери: пробуди, едуцира и развива еколошката свест, свест за потребата од целосна заштита и зачувување на животната средина, од локално до глобално ниво.

___03

Христијанската теологија и екологијата

Еколошката тема – темата за еколошката криза на светот и човекот, во текот на последните две децении е една од главните теми на теолошкиот „работен план“ како кај православните, така и кај римокатоличките и протестанските теолози, за што сведочат стотиците теолошки книги, студии и есеи – посветени на еколошките теми. Се одржуваат многу богословски симпозиуми на тема: екологија, се приредуваат зборници со богословски текстови за екологијата, христијанските богослови за екологијата говорат и од црковниот амвон, и во часописите и дневните весници, на радиото и телевизијата. Христијанските дијалози и полемики за различните аспекти на еколошката криза се водат и на Интернет … Водечките православни теолози во своите трудови се занимаваат со длабока богословска анализа на сите (богословски, духовни, историски, социолошки, културолошки) аспекти на еколошкиот проблем. На српски јазик во текот на последните дваесетина години, истотака, се објавени поголем број испирирани еко – теолошки студии и текстови (некои од авторски, некои од преведувачки карактер). Се основале богословско – еколошки друштва, па дури и специјалистички академски институции, кои се занимаваат пред сè со христијанско расудување на еколошкиот проблем, како што е на пример: Институтут за теологија и екологија при Православната Критска академија (основан во 1991 година).

– Извадок од книгата: Еколошке теме:
ПУРИЋ, д-р Јован II, епископ Нишки, Еколошке теме, Ниш, 2013 год.;
Превел:
Петар М. Петковски,
студент на теологија во III година при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје