Во Грција осветен првиот храм во чест на преподобниот Порфириј Кавсокаливит

На 4 октомври, 2015 година, Константинополскиот Патријарх Вартоломеј, после завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Лангадаската епархија го освети новоизградениот храм на преподобниот Порфириј Кавсокаливит, соопштува  AgionOros.

На осветувањето на храмот присуствуваа митрополитот Серски и Нигритски Теолог (официјално го претставувал Свештениот Синод на Еладската Православна Црква), мноштво архиереи од Константинополската и Еладската Помесна Црква, турскиот конзул во Солун, Орхан Јалман Окан, градоначалниците на Лангадас и Ореокастро, претставници на локалната власт, високи воени чиновници и културни дејци.

Овој празник на епархијата го посетија многу нејзини жители и поклоници.

216359.p 216360.p 216361.p 216362.p

Извор: http://www.pravoslavie.ru/news/86500.htm